Вести
Тунискиот претседател објави војна на тероризмот, бројот на жртвите симнат на 19

Тунискиот претседател Бежи Каид Есебси го осуди нападот во музејот во главниот град Тунис во средата во кој се убиени 19 а не 22 луѓе, како што беше објавено во средата навечер, и вети дека до „последен здив“ ќе се бори против тероризмот кој нанесе тежок удар на неговата земја ,бидејќи повеќето убиени се странски туристи.
Седумнаесет туристи, меѓу кои пет Јапонци, четири Италијанци и еден Французин, се убиени во нападот во музејот „Бардо“, изјави премиерот Хабиб Есид коригирајќи го претходниот податок ко зборуваше за убиени 22 лица, од кои 20 туристи.
„Во војна сме со тероризмот и тие диви малцински групи нема да нé заплашат. Ќе се бориме беспоштедно до последниот здив. Сакам тунискиот народ да биде мирен (…( ние ќе победиме“, изјави претседателот Есебси во кусото обраќање коешто го пренесуваше државната телевизија. Вети и дека нема да штеди напори за војската да ја снабди со потребната опрема, а земјата да го продолжи својот демократски пат.
Премиерот Есид, исто така во телевизиско обраќање прецизираше дека се убиени „четворица Италијанци, еден од Франција, двајца од Колумбија, петмина од Јапонија, еден Полјак, еден Австралиец и една Шпанка“. Државјанството на другите загинати туристи не е објавено, а не е прецизиран и бројот на повеќе од 40 ранети, како и нивната националност. Освен туристите, убиени се и двајца туниски државјани, еден полицаец и возач на туристички автобус.
Двајцата вооружени напаѓачи, кои подоцна ги застрела полицијата, почнале да пукаат врз туристите кога тие излегувале од автобус пред музејот. Во моментот на нападот во музејот „Брадо“ во центарот на туниската престолнина, в соседната зграда на парламентот парламентарците го дискутираа антитерористичкиот закон. По почнувањето на пукотниците, парламентот беше итно евакуиран./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.