Вести
Пакистанскиот суд ослободи 8 од 10-те обвинети за нападот врз Малала

Пакистанскиот суд ослободи осум од десетте луѓе обвинети за организирање на атентатот врз пакистанското девојче и активистка за правата на образование на жените во оваа доминантна исламска земја, Малала Јусуфзаи, соопшти во петокот тамошната полиција.
Полицискиот портпарол Саилм Кан за Reuters изјавил дека осумтемина се ослободени, бидејќи против нив немало доволно докази коишто би ги поврзувале со нападот извршен во 2012 година. Полицијата во април годинава соопшти дека сите десет лица се осудени на 25 години затвор на судењето кое беше затворено за јавноста. „Единствената причина за нивното ослободување беше недостигот од докази“, рекол Кан.
Обвинителот Наим Кан изјави дека „сите 10 лица ја признале својата улога во нападот врз Малала пред судијата на антитерористичкиот суд. Меѓутоа, само двајца од нив, Изар Кан и Исрарула Кан, се осудени додека другите осум биле ослободени уште на 30-ти април“.
Талибанските радикали ја преземаа одговорноста за нападот до октомври 2012 година врз тогаш 14-годишната Малала Јусуфзаи кога се враќала од училиште во паштунската племенска област Долината Сват во којашто тогаш се одвиваше офанзива на пакистанската армија против талибаните.
Малала Јусуфзаи беше ранета во главата откако во неа стрелаше талибан и се наоѓаше во критична состојба. Погодена беше во главата и во вратот кога напаѓачот пукал врз училишниот автобус во кој се наоѓала Јусуфзаи во Долината Сват, северозападно од главниот град Исламабад. Во февруари 2013-та беше успешно оперирана во една британска болница за да се направи реконструкција на нејзиниот череп и да ѝ се врати слухот.
Јусуфзаи стана позната во целиот свет откако медиумите го пренесоа нејзиното размислување против талибаните во моментот кога се чинеше дека дури и пакистанските власти се решија да ја препуштат контролата врз долината Сват на талибаните. Талибаните воспоставија во оваа област свои судови, убиваат локални жители и ги затвораа училиштата за девојчиња, како што е и тоа во кое учела Јусуфзаи. Таа беше снимена во документарен филм како низ солзи зборува дека нејзината желба е да стане лекарка.
Малала стана симбол на пркосот во борбата против екстремистите во северозападен Пакистан, а меѓу бројните меѓународни признанија и награди од разни хуманитарни и организации за заштита на човековите права, минатата 2014 година ја подели Нобеловата награда за мир со 60-годишниот индиски активист за права на децата Кајлаш Сатјарти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.