Македонија
Владата ја разреши директорката на Управата за финансиско разузнување
По само шест месеци директорување, Владата во петокот ја разрешила актуелната директорка на Управата за спречување перење пари и финансиско разузнавање, Ангела Атанасова.
Според информациите на Макфакс, разрешувањето се случило во петокот и не се познати причините за кадровската смена, ниту кој ќе биде нејзин наследник.
И покрај неколкуте обиди во изминативе два дена да добиеме потврда од владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, тој не одговори на неколкуте наши телефонски позиви, како и на испратената смс порака.
Макфакс,сепак, доби неофицијална потврда за смената на Атанасова бидејќи сега веќе ексдиректорката не се појавува на работа, а вработените слушнале за смената.
На веб-страницата на оваа институција сè уште како директор фигурира името на претходниот директор,Владимир Атанасовски.
Тој дојде на местото на Љупчо Андоновски за директор на УБК на први септември минатата година.Јавноста го запозна по „ноќната епизода“ во УБК,кога тимот на СЈО предводен од обвинителката Катица Јанева со судски налог бараше увид во податоците на оваа служба околу незаконското прислушување.
Неодамна, Атанасовски беше казнет до казна од 2.500 евра,токму околу несоработката со СЈО.
Инаку, разрешената директорка Ангела Атанасовска дојде во Управата од позиција на прв човек на „Службен весник“.
По заминувањето на Атанасовски, институцијата цел месец беше без директор,па беше доведена во прашање и исплатата на платите бидејќи немаше кој да ги потпише списоците.
Не е познато дали причината за смената на Атанасова е незадоволство од нејзината работа или, пак,владејачката гарнитура има потреба од „партиски кадар со поголема доверба“..крај/мф/гд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

