Македонија
Врховен суд без одлука за „бомбите“ и притворот на Кочан, продолжуваат и утре
Врховниот суд и на денешното продолжение на Општата седница не донесе одлука околу тоа дали ќе се користат „бомбите“ од незаконските прислушувани материјали како докази во судските постапки, како и околу притворот за Сеад Кочан.
Ново продолжение е закажано за утре, во 9 и 30 часот. На седницата се разгледуваат двата предлога на претседателот на судот, Јово Вангеловски, кој тврди дека прислушуваните материјали не можат да бидат користени во доказната постапка.
Втората точка околу притворот на бизнисменот Сеад Кочан, пак, ја поднесе државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Кочан е осомничен во еден од случаите на СЈО.
Оштата седница почна уште пред велигденските празници и еднаш беше одложена поради болест на неколку судии и изземањето на врховните судии Лидија Неделкова и Исамедин Лимани, поради блискост со СЈО.
Атмосферата во Судот е поларизирана и доведе до жестока дебата.
Стручната јавност веќе се изјасни дека Врхониот суд треба да ги прифати незаконски снимените материјали поради тоа што во неколку случаи тие веќе се користени како доказен материјал, но и поради праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кој првенствено се води од јавниот интерес.
Дел од кривичарите, но и поранешни судии од Стразбур се произнесоа и дека БЗЗ покрај обвинителот, може да поднесува и СЈО,особено за нивни предмети за кои воделе истрага и оформиле предмет. крај/мф/гд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен ветер ја зафати Битола: на неколку локации предизвикани штети
Силен ветер попладнево ја зафати Битола, според објавија надлежните во овој град.
Ветерот според информациите предизвикал штети на неколку локации.
„Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и екипите на јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, постојано се на терен, по силниот ветер кој денес ја зафати Битола и сеуште предизвикува штети на повеќе локации.
Екипите дејствуваат координирано на повеќе места, а ќе останат на терен се до расчистување на сите локации“, соопштија од општинската управа.
Македонија
Сиљановска Давкова ја прими Шекеринска: единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.
За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.
Претседателката изрази уверување дека Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани.
Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него.
Македонија
Мицкоски на средба со Вучиќ и Вучевиќ: Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека остварил средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевић и со српскиот претседател Александар Вуќиќ.
„Интензивната комуникација меѓу двете влади отвора можност за економска и политичка соработка.
Средбата се одржа во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со акцент на зајакнување на билатералната соработка и реализирање на заеднички регионални проекти.
Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици“, објави Мицкоски по средбата со српскиот премиер.
Појасни дека имал средба со претседателот на Република Србија, Александар Вичиќ.
„Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, напиша Мицкоски за средбата.