Македонија
(ВИДЕО) Зоран Заев и Дамјан Манчевски повредени откако демонстрантите упаднаа во Собранието

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и пратеникот Дамјан Манчевски, со уште двајца пратеници се повредени во Собранието. Демонстрантите од „За заедничка Македонија“ влегоа во парламентот, откако парламентарното мнозинство го избра Талат Џафери за спикер на Собранието.
Демонстрантите Упаднаа во салата и почнаа да фрлаат предмети кон пратениците, додека камерите ги забележаа раскрвавените лица на Заев и Манчевски./ видео Телма
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани, први избори по трагедијата во „Пулс“

Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори.
Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на СДСМ, Игор Христов, со 2.444 гласа, односно 17,24 проценти.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.
Овие избори се одвиваат во посебна атмосфера — тоа се првите избори по трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што животот го загубија 63 млади луѓе, настан што длабоко го потресе Кочани.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.