Црна хроника
ОЈО Скопје започна постапка против единаесет лица – учесници во протестите
Основното јавно обвинителство Скопје прими две кривични пријави од МВР, поднесени против вкупно 11 лица.
По првата кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против девет лица, за кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.
Осомничените делото го сториле во текот на протестите пред Владата на Република Македонија.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Предлог за определување мерка Притвор против осуммина од осомничените, поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и поради постоење на особени околности што го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат делото, а со оглед дека се работи за кривично дело против јавниот ред.
Судијата на претходна постапка од надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје го прифати предлогот, па на седум осомничени им определи притвор во траење од осум дена. На еден осомничен му е определен куќен притвор.
Втората кривична пријава е против двајца осомничени за сторено кривично дело – Насилство. Надлежен обвинител започна постапка против двете лица за стореното дело и сметајќи дека се исполнети законските основи предложи мерка притвор. Судот на двете лица им определи притвор во траење од осум дена. Едно од осомничените лица за кривичното дело Насилство во моментов е недостапно на органите на прогонот. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Лишена од слобода 35-годишна кумановка: возела „бмв“ со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената
Вчера во 14:50 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ја лишија од слобода 35-годишната И.А. од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека И.А. управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода 30-годишниот Д.Т. од Свети Николе и 25-годишната А.П. од село Горобинци, светиниколско.
При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и одземени се неколку пакувања со прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со цигла скршил стакло од прозорец и влегол да краде, го нападнал и сопственикот: истрага за разбојничка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик.
На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски”. Влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари и се обидел да го напушти местото.
Сопственикот на куќата го забележал и сакал да го спречи, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките во дворот и избегал.
Притвор е побаран поради опасноста од бегство, можност за влијание врз сведоците и оштетениот, како и ризикот осомничениот да го повторува делото.

