Црна хроника
Колекција од ролс-ројси, поршеа и мерцедеси изгоре во Москва – ФОТО
Колекција луксузни автомобили меѓу кои вредни примероци Rolls-Royce, Porsche и Mercedes, во вкупна вредност од 2,6 милиони евра, ги проголта пожар во петокот на едно приватно паркиралиште во Москва, објавија руските медиуми.
Колекција луксузни автомобили меѓу кои вредни примероци Rolls-Royce, Porsche и Mercedes, во вкупна вредност од 2,6 милиони евра, ги проголта пожар во петокот на едно приватно паркиралиште во Москва, објавија руските медиуми.
Пожарот избувнал околу 6 часот наутро во центарот на руската престолнина и запалил „четири возила од марката Rolls-Royce, два Mercedes-а S-400, еден Mercedes-Gelandewagen, пет автомобили Porsche од разни типови“, соопшти полицијата.
Локалните телевизии покажаа големи пламени на приватно паркиралиште, а сите возила припаѓале на еден сопственик. Сопственик е компанијата „Синус“ којашто се занимавала со општи градежни работи, а возилата се наоѓале под закуп.
Според првичните сознанија на полицијата, пожарот е подметнат, тврдат извори за телевизијата на англиски јази Rossia и за агенцијата Тасс .
Паркингот бил опремен со видео камера за надзор, коешто се проучува од истражнтие органи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.