Вести
Бридлав ја критикуваше Русија дека неодговорно се заканува со нуклеарно оружје

Врховниот командант на НАТО за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав, ја критикуваше во средата Русија дека неодговорно се заканува со нуклеарно оружје, за да ја принуди Алијансата двапати да размисли за тоа како ќе реагира на руските потези во Украина.
Американскиот генерал Филип Бридлав, врховниот командант на НАТО во Европа, изрази, исто така, изрази загриженост на состанокот на министрите за надворешна работи на земјите членки на Алијансата кој во средата и четвртокот се одржува во турското летувалиште Анталија, исто така, изрази загриженост поради интензивирање на борбите во источна Украина, и покрај прекинот на огнот.
Генералот рече дека гледа сличен образец како претходно кога рускојазичните бунтовници, како што кажа, го користеле прекинот на огнот да ги консолидираат своите сили пред покренување на нова офанзива. Бридлав, сепак, истакна дека не може да каже какви се намерите на „Русите кои ги водат тие сили“.
Според него руските функционери често го споменуваат рускиот нуклеарен потенцијал, и дека ги засилува тензиите со Западот поради присоединувањето на рускоајзичниот црноморски полуостров Крим кон Руската Федерација, што западните земји го сметаат за нелегално руско анектирање на украинска територија, и наводната воена поддршка што Москва им ја давала на рускојазичните бунтовници во источна Украина.
„Тоа не е одговорен јазик на една нуклеарна нација“, изјави Бридлав за новинарите во текот на средбата со шефовите на дипломатиите на НАТО.
„Мислам дека тоа не им помага на сериозните преговори и ублажување на проблемите (во Украина) и верувам дека сите нуклеарни нации би требало да бидат одговорни не само со своите дела, туку и со изјавите која станува збор за нуклеарни бомби“, рече американскиот генерал во Анталија.
„Верувам дека тоа се зборува за да ни биде испратена пораката… во намера да се сепнеме кога ги носиме одлуките“, рече Бридлав одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека со таквите изјави се сака да се спречи НАТО да одговори со конвенционално оружје на наводните руските активности во Украина.
Претставниците на НАТО и Украина изразија во заедничката загриженост поради руските најави дека е можно во иднина да разместат стратешки нуклеарни проектил на Крим поради честите маневри на Алијансата во Црното Море./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.