Контакт

Општество

Образованието не е на поранешното ниво, промени мора да има

Објавено пред

Универзитетските професори од Професорскиот пленум, во понеделник не учествуваа на дебатата организирана од Министерството за образование и наука и Владата за новите измени на Законот за високото образование, за да, како што рекоа не станат учесници на кршењето на процедурата.
 

dobivaj vesti na viber

Универзитетските професори од Професорскиот пленум, во понеделник не учествуваа на дебатата организирана од Министерството за образование и наука и Владата за новите измени на Законот за високото образование, за да, како што рекоа не станат учесници на кршењето на процедурата.

 

„Премиери не може да утврдуваат процедура. Законската процедура е утврдена со Деловникот на собранието. Шансата беше правно регулирана, претседателот на Комисијата за наука и образование да нé повика за да ги изложиме таму ставовите. Втората шанска беше собраниската расправа, второто читање да заврши со отворање на дебата. Дебата според деловникот може да  ја организира само матичната собраниска комисија. Дебата организирана во ’Александар палас’ е надвор од процедура, а процедурата е гаранција за демократијата. Ако се повлече законот, може да дебатираме“, рече Гордана Силјановска, професорка на УКИМ.

 

Професорите од Професорки пленум рекоа дека не учествуваат во оваа „фингирана“ јавна дебата, затоа што таа е „нелегална и нелегитимна“, заради отсуство на студентите од една страна, но и целосно „игнорирање на универзитетските ставови“ од друга.

 

„Господине премиере, простете ако ви делува дека ви држам час, но професорка сум. Господиме  премиере, се дебатира за идеи, се дебатира за концепти, се дебатира за предлози, не се дебатира за диктати. Ако навистина имате желба да го слушнете гласот на оние кои се засегнати и компетентни во однос на овој сега веќе општествен проблем, повлечете го законот од собраниска процедура ние ќе дојдеме и ќе дебатираме“, рече професорката Маја Стојановиќ.

 

Ако не се повлече законот, тие најавија дека ќе упатат уште едно писмо до нивниот колега професор, Претседателот Иванов, да стави вето на еден ваков закон, а доколку не се случи тоа, им преостанува преку граѓански протести да потсетат дека во „демократска држва чија цел е Европа, законите треба да се носат во законски утврдена процедура“.

 

Во Собранието продолжи дебата со професорите од Интеруниверзитетската конференција, кои најпрво побараа одложување, поради обемноста на предлозите, но премиерот Никола Груевски рече дека имале време од октомври и требало да дојдат подготвени.

 

Според Груевски, се установило дека образованието губи на тежина и дека паѓа нивото на знаењето, па најновите мерки кои ги предложиле се однесуваат на подигање на тоа ниво.

 

„Ние знаевме дека ќе има демонстрации, но свесно влеговме во ризик“, рече Груевски на дебатата.

 

Објасни дека предлагаат државен испит кој би се поминувал со минимум знаење за шестка, а појасни дека законот ќе важи за идните студенти, затоа што сегашните учат по друг систем. За да се зголеми нивото на образование, рече Груевски, потребно било и да се зголеми активноста на професорите, па затоа се бара со новите измени, тие да објавуваат научни трдови во соодветни списанија, многу почесто од досега.

 

Секако, рече премиерот, не треба да се плашиме ако странци дојдат на раководни позиции во универзитетите, туку тоа треба да ни импонира.

 

„Факт е дека образованието не е на нивото од порано, но, сепак, треба да знаеме дека нашите завршени студенти лесно наоѓаат работа надвор од земјата, што е доказ дека има некое ниво. Но ние ги укинавме приемните испити, што ни беа еден сегмент за селектирање ученици од средно, а единствен критериум остана успехот од средното образование, а знаеме дека сите училишта немаат ист критериум“, рече Велимир Стојковски, ректор на УКИМ.

 

Тој побара да се изготви нов предлог закон, и да се остави подолг период за дебата.

 

Замир Дика, од Универзитетот на Југоисточна Европа (ткн Штуловиот универзитет), рече дека образовниот систем се евалуира на два начина надворешно и внатрешно, па затоа предлага оценувањето на студентите да се врши двојно, со професор што не му предавал на студентот, а Груевски се надоврза дури и тоа да било под шифри за да не се знае кој се оценува. Исто така, Дика посочи дека носењето странски професори на раководни позиции е за поздравување.

 

Дебатата околу измените за Законот за образоание продолжи во понеделникот попладне, а на неа присуствуват премиерот, министри, рекотори и професори кои се за ипротив измените./крај/мф/бб

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија15 часа

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија17 часа

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија19 часа

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија20 часа

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија21 час

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија22 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија2 дена

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија2 дена

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија2 дена

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет2 дена

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет2 дена

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет2 дена

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...