Вести
Палестина од среда во ICC, најавува тужби против Израел

Палестинците од среда ќе станат нови членови на Меѓународниот кривичен суд (ICC) во Хаг и веќе најавија тужби против Израел за наводни воени злосторства во текот на минатогодишните судири во Газа, како и за израелското градење доселенички населби на териториите кои меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински области.
„Најсилниот аргумент се еврејските населби“, вели за медиумите Мајкл Сфард, реномиран израелски адвокат од Тел Авив за човекови права кој повеќе од деценија со Палестинците ја подготвува споменатата тужба.
Градењето на населбите на Западниот брег (од реката Јордан) и во источен Ерусалим е официјална политика на Државата Израел и меѓународната заедница, главно, го смета за кршење на законите на војувањето, бидејќи смета дека тоа се палестински територии под израелска окупација по војната од 1967 година. Покрај тоа, според адвокатот Сфард, со тие градења им се нанесуваат штети на Палестинците, бидејќи губат земја и им се ограничува движењето.
Според достапните податоци, ќе биде потешко да се докаже дали израелското однесување во војната од летото 2014 година потпаѓа под јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд, смета Сфард. Според податоците на Обединетите нации, во 50-дневната војна загинале повеќе од 2.200 Палестинци, од кои повеќето цивили а 530 деца. Израел загуби 67 војници и шест цивили.
Палестинците првпат се обидоа во 2009 година со тужба пред еден од светските постојани судови за воени злосторства, но во 2012 година беа одбиени бидејќи не се држава. Потоа во 2012-та Генералното собрание на ОН со гласање ја прифати Палестина како непостојана членка и набљудувач.
Под меѓународниот притисок да му даде шанса на Израел, претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас со месеци го одложуваше поднесувањето на тужбата, но кога пропаднаа преговорите со Израел, и соочен со сé погласните приговори меѓу Палестинците, на 31-ви декември го потпиша Римскиот статут, документ за воспоставување на Меѓународниот кривичен суд./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.