Македонија
ВМРО-ДПМНЕ до новата влада: Ние правевме, вие уривате
ВМРО-ДПМНЕ реагираше денеска на првите потези на новата влада со порака дека кога тие дошле на власт почнале со отпишување на долговите, додека СДСМ почнал со уривање ограда.
„Владата на Заев не губи време да го оправда епитетот антиреформска. Уривање на оградата околу владината зграда и укинување на програмата ‘Кембриџ’ се приоритетите на Зоран Заев и неговиот тим.Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните’“, стои во соопштението на оваа партија.
Според нив, граѓаните не сакаат деструкција, блокади и поништување на проектите туку очекуваат СДСМ да го исполни ветеното, да не ја реализира Тиранската платформа, да изгради 500 километри автопат, да даде минимална плата од 16.000 денари, просечна од 30.000 денари, а на лекарите 100.000 денари, зашто тоа го ветиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

