Македонија
Движењето БЕСА бара веднаш да се процесираат „Монструм” и „Сопот”
Движењето БЕСА бара од владата на Зоран Заев веднаш да ги процесиура случаите „Монструм“ и „Сопот“ и да им стави крај на двојните стандарди во однос на спроведувањето на правдата кон Албанците во Македонија.
„Иако има докази дека Албанците кои се жртви на овие монтирани процеси се неправедно осудени, правдата во нивниот случај задоцнува.Секој поминат ден е непростливо кривично дело кое државата ја врши врз овие граѓани додека постојат механизми за да се расветли целата вистина. Ова беше и ветување на Зоран Заев кон албанските гласачи, кој изјави дека едно од првите дејства што ќе ги преземе ќе биде целосното осветлување на овие случаи. Меѓутоа, и покрај овие изјави, сите бевме сведоци дека првото барање на премиерот Зоран Заев кон СЈО не беше да се процесираат монтираните случаи ‘Монструм’ и ‘Сопот’ туку верификација на минатото на министрите од редовите на ДУИ, а дел од нив беа и дел од владините кабинети кои ги монтираа овие политички случаи“, стои во реакцијата на БЕСА.
Според партијата, бидејќи СЈО беше многу ефикасно и за само 24 часа направи верификација на минатото на министрите на ДУИ, бараат и очекуваат со иста итност да ги процесираат и монтираните случаи „Монструм” и „Сопот”, а владата на Заев што побрзо да овозможи праведни судски одлуки и еднаш засекогаш да престане функционирањето на правдата со двојни стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

