Црна хроника
Ограбено тобако кај Расадник

Две непознати лица во сабота рано изутрината ја украле металната каса и неколку штеки цигари од тoбако „Томи“, кое се наоќа во близина на спортската сала Расадник во Скопје.
Според МВР, околу 02.35 часот во Скопје, на ул.„Народни Херои“, две непознати лица се обиделе да влезат во тoбако „Томи“ преку влезната врата која била заклучена.
Откако не успеале да ја отворат насилно го скршиле изложното стакло од каде oдзеле неколку штеки цигари и притоа му упатиле сериозни закани на вработениот и му побарале да им ја даде металната каса во која имало пари од дневниот промет. Ја земале касата и со трчање избегале во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.