Свет
Уште една тужба против Трамп

Државните јавни обвинители на Вашингтон и на Мериленд денеска ќе поднесат тужба против претседателот на САД, Доналд Трамп, тврдејќи дека дознаките од странство што ги добивала неговата бизнис империја се во спротивност со Уставот на САД.
Трамп веќе се соочи со слична тужба во јануари од непрофитна организација која се занимава со политичката етика.
Жалбата поднесена од страна на обвинителите има подобра шанса во судот бидејќи ова е прв потег на правосудството во врска со наводите дека Трамп, додека беше претседателски кандидат на републиканците, ги прекршил уставните одредби со кои се спречува финансирање политичари од извори контролирани од страна на странски влади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина ги продолжува воените вежби околу Тајван, бродовите се многу блиску до островот

Војската на Кина денеска го започна вториот ден од вежбите околу Тајван и за прв пат им го даде кодното име Strait Thunder-2025A, велејќи дека се фокусирани на усовршување на способностите за блокада на островот и изведување прецизни напади.
Вежбите следат по зголемувањето на кинеската реторика против тајванскиот претседател Лаи Чинг-те, кого Кина го нарече „паразит“ во вторникот, а доаѓаат по посетата на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет на Азија за време на која тој постојано го критикуваше Пекинг.
Кина, која го смета демократскиот Тајван за своја територија, постојано го осудува Лаи како „сепаратист“. Лаи, кој победи на изборите и ја презеде функцијата минатата година, ги отфрла тврдењата на Пекинг за суверенитет и вели дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина.
Кинеската команда соопшти дека вежбите се одржуваат во централните и јужните области на Тајванскиот теснец. Некои од тајванските острови се на само неколку километри од Кина.
Висок тајвански безбедносен функционер изјави за Ројтерс дека повеќе од 10 кинески воени бродови утринава се во „зоната на одговор“ на Тајван и дека кинеската крајбрежна стража учествува во вежби за „малтретирање“.
Соединетите држави, најважниот меѓународен поддржувач на Тајван и главен снабдувач со оружје и покрај недостатокот на формални дипломатски врски, ги осудија вежбите.
Јапонија и Европската унија исто така изразија загриженост.
Свет
Судијата пресуди: Трамп не може брзо да отпушти илјадници федерални работници

Федерален судија вчера изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не може брзо да отпушти илјадници федерални работници на пробна работа во 19 држави и Вашингтон, намалувајќи ја претходната пресуда донесена низ целата земја.
Американскиот окружен судија Џејмс Бредар во Балтимор, Мериленд, изјави дека доколку федералните агенции сакаат да отпуштат голем број на пробни работници, тие мора да ги следат неопходните процедури за спроведување масовни отпуштања на државни службеници.
Администрацијата не успеа да го стори тоа кога отпушти околу 24.500 луѓе во февруари и не ги извести државите и локалните власти однапред, рече тој. Но, Бредар истакна дека тој има овластување само да бара враќање на вработените кои или живеат или работат во држави кои се претежно управувани од демократи и кои, заедно со Вашингтон, ја тужеле администрацијата поради масовни отпуштања.
Бредар веќе донесе одлука минатиот месец дека отпуштањата најверојатно се незаконски и им нареди на агенциите да ги вратат отпуштените работници во очекување на понатамошни судски спорови. Вчерашната одлука ќе стапи на сила во очекување на исходот од судскиот спор, кој може да потрае со месеци или подолго за да се реши.
Јавниот обвинител на Мериленд, Ентони Браун, чија канцеларија ја водеше тужбата, рече дека тврдењето на администрацијата на Трамп дека работниците биле отпуштени поради слаба работа е лажно.
Свет
Висок руски функционер ќе го посети Вашингтон оваа недела

Се очекува руски функционер да го посети Вашингтон оваа недела на разговори со администрацијата на Трамп, објави вчера Си-eн-eн, повикувајќи се на американски функционер и два извори запознаени со плановите.
Функционерот Кирил Дмитриев ќе се сретне со претставникот на администрацијата на Трамп, Стив Виткоф, за да разговараат за зајакнување на односите меѓу двете земји, додека тие се обидуваат да стават крај на војната во Украина, објави Си-ен-ен.
Дмитриев, шеф на рускиот државен фонд, минатиот месец беше назначен за специјален претставник на Русија за меѓународна економска и инвестициска соработка.