Македонија
Заев барал од Шчербак соработка на „демократска основа“

Премиерот Зоран Заев се сретнал денес со Олег Шчербак, амбасадор на Русија во Македонија, за да ги „испеглаат“ односите по јавната и отворена поддршка на руската амбасада за претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Според она што стои во соопштението, Заев и Шчербак очигледно се обиделе да ги постават односите на нова основа која е опишана како – демократска.
„На средбата се разговараше за приoритетите на новата влада во Македонија како и за можностите за соработка помеѓу Македонија и Русија на демократска основа и во областите значајни за граѓаните за двете земји“, стои во соопштението од владата..
„Приоритет за Македонија е членство во Европската унија и во НАТО. За таа цел насочени сме кон брз и квалитетен реформски процес“, му рекол премиерот Заев на рускиот амбасадор.
Заев нагласил дека сака да ги јакне односите со државите пријатели на Македонија, во духот на демократските вредности и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.Заеднички било констатирано дека постојат услови да се унапреди економската соработка меѓу двете држави.
„Развојот на соработката во областа на економијата, трговијата, културата, образованието може да донесе добро за граѓаните на двете земји“ рекол Заев.
Амбасадорот Шчербак му врачил честитка од премиерот Дмитриј Медведев, за неговото именување за премиерна Македонија, на што Заев возвратил со честитка за 12 јуни – националниот ден на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.