Македонија
За ВМРО-ДПМНЕ, Димитров си поигрува со националните интереси
ВМРО-ДПМНЕ, пред да се случи денешната посета на шефот на дипломатијата, Никола Димитров, на Атина, излезе со рафални обвинувања дека си поигрува со националните и државни интереси и се однесува несериозно со спорот за името на државата.
„Една конфузна и незрела изјава на новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во ‘Фајненшл тајмс’ покрена лавина реакции во меѓународните медиуми, кои сериозно ги поткопуваат тешко градените позиции во спорот со Грција.
‘Фајненшл тајмс’, ‘Гардијан’, ‘Тагесцајтунг’ се само дел од влијателните светски медиуми кои пишуваа дека Македонија е подготвена и размислува за промена на името. Истите позиции ги пренесуваат и други весници, а сето тоа се злоупотребува од страна на нашите соседи. Бугарскиот историчар Божидар Димитров срамно лицитира со имиња од типот „југозападна Бугарија“, а СДС упорно молчи наместо да го штити угледот и честа на македонскиот народ и држава.
СДС сега ја води владата и Министерството за надворешни работи и има обврска да се бори и да го брани македонскиот идентитет“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ со порака дека одбраната на македонските интереси не смее да се сведе на намалување на очекувањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

