Македонија
Ахмети ургира за побрзо членство во НАТО

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес во амбасадата на САД оствари средба со директорот на бирото за Јужна и Централна Европа во Стејт департментот ,Метју Палмер. Ахмети и гостинот од Вашингтон разговараа околу актуелната ситуација во земјата и регионот,околу предизвиците за новата реформска влада и процесот на интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.
Ахмети го запозна Палмер со приоритетите на ДУИ во новата влада кои вклучуваат спроведување на реформите во областа на владеењето на правото, целосно спроведување на Охридскиот договор, непосредна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија, заедно со економскиот развој, подигање на животниот стандард и отворање на нови работни места.
Лидерот Ахмети истакна дека е најпотребно што поскоро остварување на полноправно членство на Македонија во НАТО и дека ДУИ ќе ги вложи сите напори за да се постигне оваа цел. Секое одлагање во овој пат остава простор за проширување на странски идеологии, геополитички и геостратешки судир.
Ахмети ја посочи неговата целосна посветеност да се реализираат овие цели и ги повика САД и меѓународната заедница да ни помогнат во надминување на пречките кон нив.
—
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, ако е доблесен, нека им се извини на граѓаните за целокупниот хаос во државата оставен од владеењето на СДС

СДС не може да си го среди хаосот во сопствените редови, не пак да друго. Прво што треба да направи Венко Филипче, ако е доблесен, на средбите со граѓаните наместо да им продава демагогија, да им се извини за општествениот, економски, социјален хаос кој го остави седумгодишното владеење на СДС, каде директен учесник беше и тој самиот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Креаторот на проблемите, СДС не може да биде решение.
За седум години ја опљачкаа и ја презадолжија државата, економијата ја уништија, а народот го осиромашија.
Седум години институциите на СДС му служеле за испумпување пари и богатење на поединци.
Целиот државен апарат и безбедносен систем ги ставиле во функција на нивно останува на власт, па така го следеле, прислушкувале и документирале секој чекор и разговор на претседателот Христијан Мицкоски, партиски функционери и членови, како и новинари и бизнисмени“.
Сега, додаваат од владејачката партија, СДС, на чело со Венко Филипче, може да седи и да гледа како со ВМРО-ДПМНЕ се водат и се развиваат општините и државата, како се реализираат проекти и се креираат мерки и политики кои го подобруваат животот.
Македонија
Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:
Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.
Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден.
Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани.
Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.
Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата.
„Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини.
Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините“, велат од СДСМ.
Македонија
ДОМ со поддршка за петицијата на „О2“: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за „Дрисла“

Зелената партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поддржува онлајн петицијата на Иницијативата О2 и ги повикува граѓаните да ја потпишат, за да се спречи ново јавно-приватно партнерство и да се обезбеди Дрисла да остане во јавна сопственост, велат од ДОМ.
„Петицијата е важен граѓански механизам со кој се испраќа јасна порака дека Скопје мора да добие современ, одржлив и јавно контролиран систем за управување со отпад, а не повторување на истите неуспешни и сомнителни модели од минатото.
ДОМ оценува дека загадувањето од депониите и честите пожари веќе станаа сериозен здравствен ризик. Наместо ад-хок решенија, потребна е стратегија која ќе овозможи минимално депонирање, искористување на европски фондови и долгорочна цел за „нула отпад“, по примерот на европските градови.
Заедно можеме да ја промениме иднината на Дрисла и да обезбедиме чист воздух за сите. Затоа, ве повикуваме да ја поддржите граѓанската иницијатива и да ја потпишете петицијата ОВДЕ“, соопштуваат од ДОМ.