Контакт

Вести

Трамп ја наруши традицијата на републиканските конвенции

Објавено пред

Кандидатот за претседател на САД на изборите што ќе се одржат на 8-ми ноември, њујоршкиот претприемач Доналд Трамп ја наруши во понеделникот ноќта непишаната традиција на конвенциите на Републиканската партија, говорејќи пред делегатите пред неговата официјална номинација за претседателски кандидат, откако изби конфронтација откако беше одбиено барањето на неговите противници делегатите да гласаат според совеста како нив обид во последен момент да го спречат милијардерот да се кандидира.

dobivaj vesti na viber

Доналд Трамп лично ја претстави својата сопруга Мелани, која исто така им се обрат на присутните во Кливленд. Милијардерот се појави на сцената како силуета на бела заднина додека се слушаа звуците на безвременскиот хит на Queen – „We Are The Champions“.

Трамп беше кус, опишувајќи ја својата сопруга како „прекрасна мајка и извонредна сопруга“. Потоа Мелани Трамп се појави на подиумот во спектакуларен бел фустан,

„Ја знам неговата љубов кон оваа земја од првиот момент кога се сретнавме.. Како и јас и тој многу ја сака оваа земја“, изјави Мелани Трамп, поранешен фотомодел од Словенија, а сега бизнисмен и дизајнер на часовници.

Доколку на претседателските избори победи 69-годишниот Доналд Трамп, тогаш 46-годишната Мелани Трамп ќе стане втората во историјата на САД сопруга на американски претседател која е родена во странство. Првата и досега единствена е Англичанката Лујза Адамс, сопруга на шестиот американски претседател Квинси Адамс, кои биле станари на Белата куќа од 1825 до 1829 година.

Но во Кливленд претходеше обидот Трамп во последен момент да биде оневозможен да се кандидира за претседател на САД.

Откако претседавачот со конвенцијата Стив Вомак објави дека се отфрлени барањата за поединечно гласање, кои го поднесоа делегатите од двете сојузни држава, во кливлендската кошаркарска сала настана хаос бидејќи стотици противници на Трамп скандираа барајќи поединечно гласање, за да можат да ги поддржат неговите противкандидати.

Меѓутоа, челниците на Републиканската партија одлучија да бидат истрајни на правилата на конвенциите која ќе овозможи потврда на кандидатурата на Трамп, а по кусиот бунт во текот на која дел од делегатите дури и ја напуштија конвенцијата ситуацијата се смири и беше прогласена куса пауза пред настапот на говорниците, меѓу кои покрај сопругата на милијардерот беше и поранешниот градоначалник на Њујорк, Рду Џулијани.

Американските медиуми, кои инаку не се расположени кон Трамп, коментираат дека и покрај неуспехот на неговите противници, отворената кавга за неговата кандидатура на самата конвенција претставува удар за амбициите на кандидатот без политичко искуство да покаже дека ја обединил партијата и ја поткопуваат уверливоста на неговата главна порака „Да ја направиме Америка повторно сигурна“, која на гласачите треба да им го претстави како силен водач кој е способен да ги заштити САД од растечкото меѓурасно насилство и исламистичката закана.

Во изборната трка за партиската номинација влегоа 16 републиканци и Трамп кој не бил никогаш на должност, ниту во партијата, кои инаку ги победи со голема разлика на партиските предизбори кои постепено се откажуваа од натамошната трка и уште на 26-ти мај освои доволно делегати.

За републиканската номинација потребни беа 1.237 кандидата. Според тоа Трамп успеа да го победи оние кои имаа намера да го попречат во освојувањето на апсолутното мнозинство делегати. Во тој случај националната конвенција на Републиканската партија би дошла во состојба на ткн „отворена конвенција“ која поради ненаклонетоста кон него на партискиот врв може да ја загуби, иако ќе биде релативен победник на предизборниот циклус.

Како што покажаа и неодамнешните анкети, сложените американски изборни системи се тешко разбирливи и за тамошните гласачи.

Секоја држава доделува делегати според сопствени правила. Покрај различните форми на изборите – гласање на предизборите и конвенциите, постојат и различни правила во врска со начинот на кој треба да гласаат делегатите. Во некои држави гласот на делегатите може да не се совпаѓа со резултатите од внатрепартиските избори, па затоа голема важност се придава на пребројувањето на делегатите.

Републиканците постапката за номинација на својот кандидат треба да ја завршат на партиската конвенција којашто ќе се одржи во Кливленд, државата Охајо од 18-ти до 21-ви јули./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп: Лоша е ситуацијата, но нема да имаме Трета светска војна

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес на Светскиот економски форум во Давос изјави дека голем број земји склучиле...

Македонија3 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија5 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија5 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија5 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија6 часа

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија7 часа

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ7 часа

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија9 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија9 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија9 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија10 часа

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет11 часа

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет11 часа

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа11 часа

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија12 часа

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....

Македонија1 ден

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија1 ден

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија1 ден

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...