Македонија
И новите министри на ДУИ го признаваат само Ахмети за шеф
Министерот за евроинтеграција, Бујар Османи, избегна да одговори дали во новата влада негов шеф е Зоран Заев, или и натаму тој и другите министри од ДУИ ќе даваат отчет пред Али Ахмети. Прашан во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма дали Заев му е шеф, Османи одговори дека „тој е премиер и координатор на министрите во владата, а негов партиски шеф е Али Ахмети, лидерот на ДУИ“. На забелешката дека прашањето не се однесува на партиската хиерархија туку на владината, Османи даде уште еден заобиколен одговор, изјавувајќи дека тој самиот е шеф во Секретаријатот за европски прашања, а како министер е дел од тимот.
Новитет, сепак, беше ставот на Османи во однос на преговорите за договорот за пријателство и соработка со Бугарија.
„Не гледам ништо спорно, рече Османи, во заедничката историја на Македонија и Бугарија“, објаснувајќи дека како портпарол на ДУИ не се мешал во ова прашање и зборувал главно во интерес на Албанците, но како министер има обврска да ги застапува и интересите на граѓаните во Струмица.
Тој посетата на Бугарија, како дел од делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев во понеделник, ја оцени како историски момент бидејќи целта е да се адресираат сите отворени прашања и да се испорачаат брзо резултати.
„Ќе го затвориме отвореното прашање со Бугарија, ќе го затвориме Рамковниот договорот околу употребата на албанскиот јазик и ќе остане само спорот за името со Грција“, најави оптимистички Османи.
Неофицијално се навестува дека е можно веќе во текот на оваа посета да дојде до потпишувањето на спорниот договор со Бугарија, ако се испеглаат овие денови деталите. Спорни во договорот беа именувањето на јазикот, реципроцитетот за правата на малцинствата, заедничкото славење на историјата и бугарското барање за одбележување на спомениците во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

