Регион
Импресивна имотна листа на идната српска премиерка

Заменик-претседателката на Српската напредна партија, Марија Обрадовиќ, изјави за новинарите дека пратениците на СНС силно ја поддржале одлуката на претседателот Александар Вучиќ неговата кандидатка Ана Брнабиќ да биде премиерка на Србија. Според неа, до четврток ќе се знае дали ќе се обезбедат потребните 128 гласови за поддршка на Брнабиќ или ќе се оди на нови избори.
Како што извести таа, околу стотина членови се изјасниле лично и притоа имало различни ставови. Многумина, нагласила таа, не биле ентузијасти во врска со нејзиниот избор, но решиле да ѝ ја дадат довербата поради Вучиќ.
Претходно руската агенција „Спутник“ напиша дека на владејачката партија СНС ѝ се заканува распаѓање ако предложената премиерка не добие поддршка од партијата. Сите оние кои нема да ѝ дадат глас ќе мораат да се префрлат во редовите на опозицијата, напиша „Спутник“.
Истражувалката мрежа „Крик“ денеска ја објави имотната листа на новопредложената премиерка која медиумите во Србија ја нарекоа „импресивна“. Според неа, таа има голем стан на Дедиње, земја и две куќи на хрватскиот остров Крк, а голем имот во вид на станови и куќи има и нејзината мајка и најтесното семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.