Контакт

Македонија

Заев и Борисов ќе го потпишат договорот на Илинден

Објавено пред

„На 2 Август ќе го чествуваме Илинден во Република Македонија и уверен сум дека тогаш ќе го потпишеме Договорот за добрососедство“, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со бугарскиот домаќин Бојко Борисов во Софија.

dobivaj vesti na viber

И премиерот Борисов оцени дека двете земји се многу блиску до потпшишување на договорот за добрососедство, додавајќи:

„Треба ли да продолжиме да бидеме разделени откако многу земји дадоа пример како се развиваат кога заедно ги слават своите херои и историски личности. Затоа решивме со премиерот Заев да одиме на споменикот на цар Самоил. Тоа е нешто што можеме заедно да го славиме. Кирил и Методиј, нашите браќа, можеме да се радуваме сите на тоа“, порача бугарскиот премиер.

„Среќен сум што нашиот прв сосед има голема желба да помогне и на Македонија за интеграцијата во НАТО и ЕУ. За нашата земја нема алтернатива. Отворивме нови перспективи за напредување на нашето пријателство. Разговаравме за помошта и поддршката што Бугарија може да ја даде на нашата земја во процесите на интеграцијата. Се доближија нашите ставови за потпишувањето на договорот за добрососедство “, дополни Заев.

“Заедно ќе славиме Илинден во Македонија на 2 август и тогаш ќе го завршиме договорот за билатерална соработка. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе го посети споменикот од нашата заедничка историја. Денес ние ќе се поклониме пред споменикот на цар Самуил во Софија. Зборувавме со градоначалниците на Софија и Скопје да дадеме име на една улица за нашите претседатели кои не се живи. Во Скопје на Жељу Желев, а во Софија на Борис Трајковски.

Тоа што го правиме, е повредно од секој договор. Тоа е чин на поклонуваме кон заедничката историја. Тоа е многу повредно од секој договор. Тоа се мали детали. Двајцата министри ќе преговараат за да можат да го надминат сето тоа со цел на 2 август да го потпишеме договорот, кога ќе дојде премиерот Борисов. Остваривме 11 средби, кои помогнаа да го направиме претпоследниот чекор и убеден сум дека на 2 август ќе ја направиме “, рече Заев.

Околу помошта за ЕУ Заев најави бугарска помош исто така.

„Денес побаравме од Бугарија да ни помогне и со своето искуство за европските фондови. Да ни испрати експертизи.Македонија има малку отворени програми, но се надевам да отвориме уште заеднички. Искуството кое го има Бугарија, ќе биде многу важно за нашите перспективи. Имаме желба да ги почнеме преговорите со ЕУ, да станеме членки на НАТО. Пријателска Бугарија ќе ни биде од помош “, рече Заев.

Премиерот Бојко Борисов рече дека ако Македонија не вложи напори, никој не може да и помогне за членството во НАТО и ЕУ.

“Можеме да ја подржиме, да ја консултираме, ако сакаат околу одредена тема. Со отворено срце сме. Сето тоа зависи од политичката елита во Македонија, но ако тие не успеат да ги направат најважните чекори, каква и да е помош да добијат, нема да е доволна. Има прекрасен Берлински процес во Брисел. Веќе реков ако работиме заедно, мислам дека ќе имаме успех. Балканот е во фокусот и на ЕУ и на НАТО“, порача Борисов на прес конференцијата.
.
Заев порача исто така дека Македонија денес затвора едно поглавје на историјата на национализам и омраза и отвора поглавје на европска иднина.

“Македонија има европска иднина, има и пријатели кои сакаат да и помагаат. Го почитувам тоа и среќен сум што Македонија има таков пријател како премиерот Бојко Борисов, кој е среќен што може да му помогне на својот сосед. Земја како мојата може да биде среќна дека има таков сосед со такво раководство “, изјави Заев, додавајќи дека ова пријателство е искрено и дека не дошол во Бугарија само за да бара помош. Според него, градејќи добрососедство и пријателство, западните земји ќе ги почитуваат Балканот многу повеќе.

“Тие сакаат да видат дека си подаваме рака. Очекувам позитивниот дух на премиерот Борисов и на неговата влада да дојде и од Грција“, порача Заев.

И премиерот Борисов оцени дека двете земји се многу блиску до потпшишување на договорот за добрососедство, додавајќи:

„Треба ли да продолжиме да бидеме разделени откако многу земји дадоа пример како се развиваат кога заедно ги слават своите херои и историски личности. Затоа решивме со премиерот Заев да одиме на споменикот на цар Самоил. Тоа е нешто што можеме заедно да го славиме. Кирил и Методиј, нашите браќа, можеме да се радуваме сите на тоа“, порача бугарскиот премиер.

Македонија

ФЗО: Породилното може да доцни поради доцнење на пријава или исплата на плати кај работодавачот

Објавено пред

Од

Надомест за породилно отсуство не се исплаќа истовремено и тоа е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец, велат од Фондот за здравствено осигурување во врска со изјавите на СДСМ дека исплатата на породилни отсуства доцни 30 дена.

dobivaj vesti na viber

„Надоместот на породилно отсуство е процес поврзан со работодавачот на осигуреничката. Во моментот на исплата на плата од страна на работодавачот, УЈП доставува електронски информации за платените придонеси за соодветниот месец до Фондот, кои се обработуваат и одобруваат од подрачните служби, заедно со надоместоци за друг вид на боледувања, се доставуваат до Дирекцијата на Фондот. Оттука се доставуваат до УЈП за подготовка на МПИН. Потоа пресметаните надоместоци се исплаќаат континуирано. Да потенцираме ФЗО исплаќа бруто надомест, односно пензиски и други придонеси“, се наведува во соопштението.

Од Фондот појаснуваат дека најголем дел од надоместоците се исплаќаат од 10 до 20 во тековниот месец, но има исплати и потоа до крај на месецот.

„Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот. Доколку има доцнење тоа е поради доцнење на пријава или на исплата на плати кај работодавачот“, велат од Фондот.

Од таму уверуваат дека буџет за надоместоци има, и доказ за тоа е дека заклучно во месец октомври 2025 година досега се обработени и исплатени 6.268 предмети на породилно отсуство.

За споредба, се наведува во соопштението, во септември 2025 година биле обработени 7.319 предмети и за истиот број на лица е извршена исплата, со вкупен износ од 384 милиони денари.

„Тоа укажува дека дел од пресметките за октомври се уште се во обработка и исплата“, велат од ФЗО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Кисела Вода урна дивоградба во населбата 11 Октомври

Објавено пред

Од

Денес, во населбата 11 Октомври, во Општина Кисела Вода, беше рушена дивоградба, по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар.

„Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон. Законите мора да важат подеднакво за сите. Во мојот мандат ќе сe залагам за работење исклучиво според право и правда“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, посочувајќи дека институцијата ќе постапува одговорно за сите случаи каде ќе се утврдат нерегуларности во однос на објекти на територијата на општината.

„За секој објект кај кој ќе се утврдат неправилности ќе биде издадено решение за отстранување. Тоа е единствениот начин да воспоставиме ред и правичност и да го заштитиме јавниот интерес“, рече Стаменкоска – Трајкоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Објавено пред

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е откажано.

dobivaj vesti na viber

Судијката Диана Груевска – Илиевска ги немаше сите адреси од оштетените и нивните застапници кои треба да бидат повикани на судење за да се изјаснат за оштетното побарување.

Судијката ги евидентираше сите оштетени и застапници на оштетените кои беа присутни, но кажа дека мора да ја одложи за утре закажаната главна расправа оти ќе треба повеќе време за судот да ги извести оштетените дека треба да дојдат на судење.

Следното рочиште ќе биде на 2 декември, а дотогаш судијката очекува освен завршување на судската достава за оштетените да бидат доставени и интегрираните обвиненија до сите обвинети како што побараа нивните бранители.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

ФЗО: Породилното може да доцни поради доцнење на пријава или исплата на плати кај работодавачот

Надомест за породилно отсуство не се исплаќа истовремено и тоа е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец,...

Македонија18 минути

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...

Македонија1 час

Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение пред воведните зборови

Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ...

Регион2 часа

Србија без сурова нафта, рафинеријата запре; Вучиќ: Влегуваме во големи проблеми

Рафинеријата за нафта во Панчево, единствената рафинерија во Србија, го запре производството, а постројките влегоа во таканаречена топла циркулација, објавува...

Македонија2 часа

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...

Топ4 часа

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија4 часа

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа5 часа

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија5 часа

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа6 часа

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет6 часа

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет7 часа

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет7 часа

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа8 часа

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија1 ден

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија1 ден

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ1 ден

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ1 ден

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија1 ден

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...

Македонија1 ден

Јанкулоска: Судот во Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против мене

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично...