Македонија
Борисов: Јазикот според Уставот
Во однос на содржината на договорот, бугарскиот премиер Бојко Борисов, по средбата со премиерот Зоран Заев во Софија, рече дека „деталите се важни за следните генерации бидејќи постојат зборови кои би можеле да имаат различно толкување“.
„Ние како држава први ја признавме Македонија. Во нејзиниот Устав е кажано каков јазик има оваа држава. Соодветно на тоа договорот мора да се потпише на јазикот кој е запишан во Уставот, инаку ќе го прекршите Уставот “, рече Борисов.
„Откако министрите за надворешни работи го поминат за последен пат документот, тогаш со премиерот и другите колеги ќе донесеме одлука што значи заедничка историја и за кој период.Различните историчари утврдуваат различни периоди, но од 1991 година досега Македонија има своја приказна, таа не е заедничка со Бугарија. Ако сакаме да запишеме заедничка историја, влегуваме во друга контрадикција. Со години досега се спори на оваа тема, што е заедничко, што не е. Кои празници се заеднички и се караме за нив, место да се радуваме. Тодор Александров може ли да биде повод за радост и во Скопје, и Софија? Според мене, може. Дури и Вапцаров, нашиот херој “, истакна Борисов.
Тој самиот се опиша како многу добронамерен човек и додаде дека вистински ги сака Македонците како луѓе.
„Поблизок народ немаме. Кога историчарите ќе предложат термин за да го затвориме овој договор, ќе биде огромен успех и чекор напред. Ќе дадеме добар пример на Балканот и ќе отвориме пат на Македонија за НАТО и ЕУ. Затоа сакаме да го направиме троа. Ако се подведеме само по националистички чувства, ништо добро не може да се очекува”, порача Борисов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

