Вести
Притворен поради заштита Американец кој објави снимка на запалено знаме на САД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/flag_burn.png)
Жител на американската сојузна држава Илиноис е притворен во вторникот поради заштита од одмазда од граѓани, поради тоа што на својот профил на Facebook по повод одбележувањето на Денот на независноста објави фотографија од запалено американско знаме.
„Дали мажот ќе биде казнет или не за својата постапка, ќе одлучи јавниот обвинител на државата Илиноис. Името и презимето на притвореникот не го откриваме во согласност со упатствата. За новините во случајот ќе бидете известени, доколку тие се случат“, изјавил за руската новинска агенција ТАСС, началникот на службата за полициски патроли, Џоел Сандерс.
Според телевизиската мрежа Fox News, станува збор за 22-годишниот Брајтон Мелот, кој ја објавил фотографијата на запаленото американско знаме и кој признал дека „не се чувствува горд на тоа што е Американец“. Подоцна постот беше отстранет.
Според властите, потегот на момчето испровоцирал „широка емотивна реакција, којашто вклучувала но не се ограничувала само на закани со физички насилство“.
„До полицијата во Aрбанa, и на неговата страница на Facebook беа добиени бројни повици и жалби. Оние кои се јавуваа, особено, изразуваа загриженост за безбедноста на луѓето, бидејќи во содржината на постот препознале последователни закани“, појасниле од полицијата.
Според сознанијата, притворениот работел во една голема продавница на познат трговски синџир, и не се ограничил само на социјалната мрежа, туку контроверзната фотографија ја поставил и на работното место.
„Тој одбил да ја отстрани фотографијата за да придонесе за смирување на ситуацијата“, појасниле во полициската управа. Прецизирале притоа дека предизвикувачот на инцидентот биле притворен „поради стравувањата дека заканите на негова адреса ќе бидат остварени и неминовно ќе создадат опасност за неговата околина, која воопшто не е виновна“.
Полицијата проверила и се уверила дека неговата активност не е во спротивност со законот на сојузната држава Илиноис, вклучително и на ставката за знамето, која стапила на сила на 1-ви јануари 2013 година. Во конкретниот случај „правото на слобода на изразување може да противречи на неопходноста да се осигури безбедноста на невините луѓе“, прецизирале од полициската управа.
„Ќе ја почитуваме одлуката на државното обвинителство и нејзината одлука да не продолжува со судски процес“, заклучиле./крај/мф/сн
Извор: ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.