Свет
Брисел ќе бара отстранување на терористичките содржини од интернет
Лидерите на Европската Унија (ЕУ), во рамките на безбедносната политика на самитот што ќе се одржи оваа недела во Брисел, ќе разговараат за отстранување на терористичките содржини од интернет.Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, испрати покана до лидерите на земјите-членки за самитот што ќе се одржи на 22 и 23 јуни. Туск во своето писмо напиша дека слабеат противниците на ЕУ во Европа,така што сега е повеќе оптимист.
Тој нагласи дека на самитот најпрвин ќе се дискутира за безбедноста, бидејќи тероризмот и понатаму претставува голема закана, и посочи дека последните напади укажуваат на нов бран на радикализацијата во Европа.Туск изјави дека ЕУ нема да го преземе местото на националните држави во оваа борба, бидејќи применувањето на политиките зависи од владите.
„Но, ЕУ може да помогне за победата во оваа борба. Досега е забележан напредок во следењето на странските борци, како и на тие што се вратиле од конфликтните зони. Сега е време да се зголеми соработката со интернет-индустријата. Најголемо е влијанието на терористичката пропаганда во првите неколку часа од објавувањето на интернет. Затоа, треба да ја поттикнеме оваа индустрија да развие инструменти што автоматски ќе ги детектираат содржините што споделуваат терористички материјали или пак поттикнуваат насилство, и ќе ги отстранат тие содржини“, истакна Туск.
Укажувајќи на важноста на соработката со Либија, Туск нагласи дека е потребно на самитот да се преиспита проблемот со миграцијата, како и состојбата на рутата по Средоземното Море.
Исто така, Туск додаде дека ќе ги информира лидерите во самитот за средбите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и со претседателот на САД, Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

