Контакт

Вести

Сирија предупредува дека древниот град Палмира може да биде уништен од IS

Објавено пред

Џихадистите од терористичката организација Исламска држава (IS) ограбиле и опустошиле околу 750 објекти од културното наследство на целата територија на Сирија од почетокот на нивното појавување на сириското боиште, изјавил во средата заменикот министер за култура Џамал ал-Кајим. 

dobivaj vesti na viber

„Околу 750 историски локалитети претрпеле оштетувања. Точни податоци нема, а можно и оваа бројка да биде и поголема. Тие имаат јасна цел да уништат сé што нé поврзува со древните цивилизации, и целосно да ја уништат нашата историја. Тадмур (арапскиот назив за Палмира –з.м.) не е исклучок, под закана од целосно уништување се храмови изградени уште во времето на Римската империја“, изјави ал-Кајим за агенцијата РИА. Додаде и дека стотици скулптури претходно биле засолнати за да бидат заштитени од уништување, но се стравува за судбината на градскиот музеј и на големите споменици кои е невозможно да се евакуираат.

Според ал-Кајим, терористите веќе досега уништиле голем број древни цркви и џамии, ограбиле музеи, а вредните археолошки предмети ги изнесле надвор од Сирија, а сега таква опасност ѝ се заканува на „пустинската невеста“, како што Сиријците ја нарекуваат Палмира, којашто на запад е позната и како „Венеција среден пустина“. Палмира се наоѓа на југозападните рабови на современиот град Тадмур.

„Бунтовниците ги ограбуваат музеите и историските комплекси поради пари, со коишто тие ги финансираат своите следни чекори, а исто така и ги уништуваат историските корени. Тоа се намерни и смислени акти за уривање на сé што нé поврзува со древните цивилизации“, вели сирискиот заменик министер за култура.

Ал-Кајим истакнува и дека историјата се урива под изговорот на џихадистите дека се борат против идолопоклонството, кое е забрането во исламот. Меѓутоа, потсетува дека дури и кога Сирија била дел од исламскиот калифат, античките храмови и колонии, коишто денес се културно наследство на целиот свет, биле сочувани.

Во средата борците на Исламската дражва го заземаа древниот историски комплекс Палмира, на 240 километри североисточно од сириската престолнина Дамаск. Под контрола на џихадистите е историскиот дел од градот во кој се наоѓаат антички храмови и споменици на архитектурата изградени пред и за време на Римската империја.

Сириската државна телевизија објави дека провладините локални милиции во средата г евакуирале населението на Палмира, веднаш по продорот на борците на Исламската држава. Во тие борби загинале најмалку сто припадници на силите лојални на алавитскиот (шиитски) сириски претседател Башар ал-Асад, објави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

Пламира е впишана на листата на светското наследство на агенцијата на ОН за наука, образование и култура – УНЕСКО, која во средата повика на моментално прекинување на борбите во градот, апелирајќи до меѓународната заедница да стори сé што е неопходно за да се заштити тамошното население и да се сочува ова уникатно културно наследство.

„Важно е сите страни да ги почитуваат меѓународните обврски за во судирот да се зачува културното наследство, избегнувајќи го директното гаѓање, како и користењето во воени цели“, соопшти генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Боково, пренесе AFP.

Припадниците на радикалната сунитска организација Исламска држава изминатите месеци ги урнаа и археолошките остатоци од древниот асирски град Дур-Шарукин, во близина со гратчето Хорасабад, 15 километри североисточно од Мосул. Дур-Шарукин е асирски град подигнат од царот Саргон Втори, во периодот кога Асирија била најмоќната земја во тогашниот свет.

Џихадистичката групација Исламска држава во април објави на интернет видео записи на кои нејзините припадници со пукање од пушки и копачи уништуваат споменици на културата во Хатра. Некогашниот партски град Хатра, во провинцијата Нанива, е древен град стар повеќе од две илјади години, кој од 1987 година е прогласена са археолошки локалитет од светското културно наследство, се наоѓа на 110 со километри јужно од Мосул, во северен Ирак.

Советот за безбедност на ОН на 12-ти февруари годинава, ја усвои Резолуцијата 2199 со која за засилува забраната за трговија со антиквитети и културни вредности со коишто се финансира тероризмот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија11 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија14 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ17 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија18 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија19 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет21 час

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија1 ден

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ3 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија3 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија3 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија3 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија3 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија3 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...