Македонија
(ВИДЕО) Жерновски: Уште еден кукавички чин на Груевски да избега од правдата

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, рече дека овие постапки на судот со кој сè уште раководи Груевски, јасно кажуваат дека не станува збор за сечени, лепени и монтирани материјали.
Според него, деновите се одбројани на Груевски и ова е последно одложување на судењето. „Груевски веќе нема каде да бега, посебно не од судот на народот“, порача Жерновски.
Груевски, Рангелова и Јанакиевски ги избегнаа новинарите и заминаа од споредниот влез на судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Не смее да ни се случи Пулс 2“ – градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за угостители

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, поднесе кривична пријава против угостители за узурпација и бесправна градба.
Toj рече дека три месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти кои работат надвор од законските прописи и стандарди.
„Не смееме да замижиме по несреќата во „Пулс“. Ова е најтешкиот период за Кочани и јас нема да дозволам да ни се случи „Пулс 2“, изјави Крстевски.
Градоначалникот јавно го праша Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), како е возможно да се толерира работа во дивоградби, дали има контроли и што тие значат. До Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упати прашање како е возможно да се добие ХАСАП дозвола за угостителски објект кој служи храна, ако кујната е дивоградба или постојат броила во непосредна близина на фритезата, на што од АХВ реагираа дека тие се надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. По однос на прашања кои се однесуваат на заштита и здравје при работа, АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за ХАСАП ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа.
Македонија
Грмотевици и дожд попладнево во Скопје, се апелира да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја

Невреме проследено со пороен дожд со грмежи го зафати попладнево Скопје.
УХМР претходно најави дека од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Македонија
Одбраната побара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев, Видевски и Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче

Одбраната побара ослободителни пресуди за Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче.
Адвокатот на Кешишев побара неговиот клиент да добие ослободување од оговорност за убиствата, а судот да го има во предвид неговиот страв и потчинетост и своевидното заложништо што го чувствувал од страна на Палевски. Во одбрана на Кешишев, адвокатот Ефремов рече и дека неговиот клиент во текот на постапката бил ставен целосно на располагање на истражните органи и придонел кон разрешница.
Адвокатот Горан Бошевски, кој го бранеше обвинетиот Велибор Манев, побара ослободителна пресуда за убиство, а осудителна за делото грабнување. Тој рече дека не постоел договор за убиства и нема умисла за извршување таков вид кривични дела. Рече и дека Манев и Боре барале од Палевски да го ослободи девојчето откако виделе дека е дете, но Палевски ја фотографирал, ја распрашувал за родителите, па ја застрелал.
Ослободителна пресуда за убиствата побара и адвокатот на каратистот Боре Видевски, Бојан Манев, тврдејќи дека Јавното обвинителство не докажало со ниту еден доказ дека Видевски е поврзан со кривично-правните настани кои му се ставаат на товар. Постапката вели адвокатот се базирала само претпоставки, конструирани изјави, изнудени признанија и искази на двајца обвинети.
„За време на убиството на Панче тој се наоѓа на работното место, за што беа посочени и двајца сведоци, колеги кои работат со него во канцеларија, уште во неговиот исказ во ЈО пред повеќе од 20 месеци. Но, тие сведоци не беа повикани од јавните обвинители на судењето. Во времето на убиството на малолетното девојче, тој се наоѓа во штабот на партијата Десна“ рече Манев. Адвокатот додаде и дека на снимките од Сејф сити и на останатите снимки од движењето на возилата по грабнувањето на Вања не се гледа ликот на неговиот клиент.
Адвокатот на таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ побара ослободителна пресуда. Рече дека за Ѓорчевски нема ниеден материјален доказ дека помагал на групата на Палевски.
В петок завршен збор ќе даде Љупчо Палевски.