Црна хроника
Измамници ветувале дека за 10.000 евра ќе средат добивање дозвола за меѓународен превоз на лица
Измамници се претставувуавле како вработени во Министерството за транспорт и врски и му ветувале на стружанец дека за 10.000 евра ќе му средат неговите фирми да добијат две линии за вршење на меѓународен превоз на лица.
Министерството за транспорт и врски, распишал оглас за распределба на меѓуопштински и возни редови, на којшто аплицирал стружанецот, управител на две фирми од Струга. Но, на прелиминарна листа која била јавно објавена на веб страна на Министерство за транспорт и врски, неговите фирми биле одбиени.Тетовец заедно со уште пет лица од Скопје и Тетово ја направиле измамата, така што му се јавиле на стружанецот и еден од нив му се претставил како директор. Му рекле дека ќе му средат работа, само да им даде 10.000 евра.Стружанецот му дал 5.000 евра, а пред да му ги даде остатокот од парите, поднел Записник за прием на кривична пријава, за кривично дело “измама“ против лицата Зоран Н. и Елена Н. од Скопје, при што од страна на ЕЕКК биле превземени сеопфатни мерки и активности. Против измамниците се поднесени кривични пријави, а на полицијата и се добро познати. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Командир и четворица полицајци од Чегране прикривале дивоградба
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,попречување на правдата“.
Пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење од подносител, измениле и изготвиле дополнителен службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба, со што го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка која се води пред суд или друг орган надлежен за утврдување на бесправно градење.
Воедно, пријавените извршиле преквалификација на примената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување спрема подносителот на поплаката на начин што без да ја констатираат фактичката состојба изготвиле записник за констатиран прекршок и барање за поведување на прекршочна постапка против подносителот на поплаката.
Против полициските службеници ќе биде поднесен предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.
Топ
Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

