Црна хроника
Кривична пријава против член на обезбедувањето на Заев за инцидентот со Амди Бајрам

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против член на обезбедувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за инцидентот којшто го пријавил во средата попладне пратеникот и лидер на Сојузот на Ромите на Македонија, Амди Бајрам.
Амди Бајрам за медиумите тврдеше дека член на обезбдувањето на Заев му се заканувал, а од СДСМ инцидентот го толкуваат како обид за провокација за физичка пресметка.Бајрам тврдеше дека човек кој му се претставил дека е обезбедување на Заев му се заканувал по животот, па тој завршил на Клиниката за кардиологија.Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во четвртокот околу 15.30 часот пред управната зграда во ГТЦ. На Амди Бајрам му се приближил дваесет и деветгодишен струмичанец и почнал да го навредува.Полицајци од СВР Скопје разговарале со инволвираните во инцидентот, а потоа извршен е претрес во автомобилот „шкода октавија“ во сопственост на обезбедувачот на Заев. Во автомобилот биле најдени два ножа на расклопување, една палка на расклопување и еден заштитен елек. Против струмичанецот поднесена е пријава за нарушен јавен ред и мир. Од страна на СВР-Скопје до Основното Јавно Обвинителство проследен е предметот на натамошно постапување.„Политичката партија СДСМ нема мандат, ниту овластување да говори во име на Министерството за внатрешни работи“ се вели во соопштението од МВР.Социјалдемократскиот сојзу синоќа пак излезе со писмено соопштение во кое се вели дека премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не избираат средства во обидите да го дефокусираат вниманието од криминалите и изборните фалсификати во коишто се фатени.„Уште еднаш се потврди дека МВР и Амди Бајрам се класични инструменти во рацете на Никола Груевски кога тоа ќе затреба. Врв на очај е драмата што ја прават вечерва, преку Амди Бајрам, кој наводно бил физички нападнат, па дури и поради тоа завршил на Кардиологија. Во продавница за фармерки во ГТЦ, Амди Бајрам и наш член и активист имале вербална расправија. На нервозната реакција на обезбедувањето на Амди Бајрам, што го толкуваме како обид за провокација физичка пресметка, не било возвратено од страна на членот на СДСМ. Немало никаков физички контакт меѓу членот на СДСМ и Амди Бајрам!“ се вели во соопштението на СДСМСпоред СДСМ, двајца обезбедувачи на Амди Бајрам и тројца од обезбедувањето на ГТЦ се нафрлиле на нивниот член. „Апелираме да престанат обидите за провокации и користењето марионети, како Амди Бајрам, коишто не можат да ги засенат огромните скандали во коишто е инволвирана тесната група на власт“ додаваат од СДСМ./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.