Контакт

Вести

Пакистан ја протера невладината организација Save the Children

Објавено пред

 Пакистан во четвртокот навечер со присила ја затвор канцеларијата на невладината организација Save the Children во главниот град Исламабад под обвинение дека „дејствува против интересите“ на земјата и на нејзините вработени им даде рок од петнаесет дена да ја напуштат неговата територија.

dobivaj vesti na viber

Организацијата Save the Children беше под засилен надзор на пакистанските власти од 2012 година, кога во извештајот на домашните разузнавачки служби таа беше поврзана со Шакил Африди, пакистански лекар кој ѝ помогнал на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) во откривањето на Осама бин Ладен, идеологот на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда кого американските маринци го убија на 2-ри мај 2011 година во градот Аботабад.

Во четвртокот навечер по затворањето на канцеларијата во работниот ден, претставници на владата во Исламбад во придружба на полиција стигнале пред зградата на Save the Children и ставиле катанец.

„Го запечативме влезот во канцеларијата на Save the Children по налог на владата. Не ги знаеме причините за затворањето. Само примивме кратко известување од министерството за внатрешни работи дека просториите ќе бидат запечатени и дека сите вработени мора да се вратат во нивните татковини во рок од петнаесет дена“, изјавил за AFP Камра Чима, владин службеник.

Пакистанските власти за овој случај не издадоа никакво соопштение, но неименуван висок функционер на министерството за внатрешни работи за агенцијата изјавил дека невладината организација била „вмешана во антипакистанска активност“.

На прашање од AFP, од Save the Children „потврдија дека денеска (четврток) пакистанските власти ја затвориле и запечатиле нивната канцеларија“. Се потсетува дека „во Пакистан работи повеќе од 35 години и оти вработува 1.200 луѓе“, додавајќи дека сите веќе ја напуштиле земјата.

„Се противиме на оваа одлука и за нашата загриженост ги известивме највисоките нивоа на власта“, додаваат од оваа невладина организација во соопштението објавено од седиштето е во Лондон. Притоа тврдат дека само минатата година нејзината помош ја користеле 4 милиони пакистански деца и нивните семејства.

Организацијата Save the Children, којашто работи на проекти во образованието, здравството и исхраната, досега секогаш ги отфрлаше обвиненијата дека е поврзана со Африди и со CIA./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа32 минути

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад, додека се...

Свет2 часа

Хамас предаде четири тела на израелски заложници во замена за палестински затвореници

Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници во ноќна размена на палестински затвореници, објави Ројтерс. Израел прими четири тела,...

Свет2 часа

Северна Кореја испраќа повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Северна Кореја распореди дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми,...

Свет2 часа

Трамп: Украина може да заборави на влезот во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на седницата на американската влада, дека Украина „може да заборави“ на влезот во...

Македонија11 часа

Спасен повреден чешки планинар на Шар Планина

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информира дека денеска во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на...

Свет12 часа

Трамп: Можно е да нема мировен договор меѓу Украина и Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по првиот состанок на неговиот кабинет изјави дека постои можност да не биде постигнат мировен...

Свет15 часа

Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се надева оти првичниот договор за минерали со Соединетите Американски Држави ќе доведе до...

Македонија16 часа

Најсовесно и чесно ја извршував функцијата, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност за да поднесам оставка, вели Чачарова- Илиевска

Тања Чачрова-Илиевска не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што очекува премиерот Христијан Мицкоски по поднесената интерпелација за членови...

Македонија18 часа

Антикорупциската комисија парично казни повеќе поранешени и актуелни функционери, меѓу нив Груби, Меџити, Крмов

Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции, кои се казнети со глоба...

Македонија19 часа

Матичните штрајкуваат поради измените во „Мој термин“, од Министерството за здравство велат дека верификувањето на телефонскиот број на пациентите е еднократно

Матичните лекари денеска одржаа едночасовен предупредувачки штрајк поради новите измени во системот „Мој термин“. Претседателката на Здружението на приватните матични...

Македонија19 часа

Ме обвинуваа дека сум анти-Америка, а сега им пречи што имаме одлична соработка со администрацијата на Трамп, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека СДСМ немаат кридибилитет да зборуваат за надворешната политика, по понижувањата на коишто ја изложија државата....

Македонија20 часа

Филипче за резолуцијатa во ОН: Владата ја води надворешната политика без компас и стратегија

Конфузна, импровизирана и без компас е надворешната политика што Владата ја води по последните случувања во Обединетите нации поврзани со...

Топ20 часа

Тинејџер од Куманово со „ауди“ се заби во бетонска ограда од куќа, тешко повреден

На регионалниот пат кон Матечје, Липково, 16-годишен кумановец возејќи „ауди“ удри во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни...

Македонија21 час

(Видео) Пред Кривичен се бара правда за Феликс: Држава што не превенира и не санкционира охрабрува насилство!

Пред Кривичниот суд во тек е протест на кој се бара правда за кучето Феликс, кое беше претепано со метална...

Македонија22 часа

Македонија е делумно слободна земја, според извештајот на „Фридом хаус“

Според послендиот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно...

Свет23 часа

Излегуваат детали за клучниот договор меѓу Украина и САД

Киев се согласи со условите на договорот за минерали за ретки земји со САД и украинскиот претседател Володимир Зеленски би...

Свет1 ден

(Видео) Речиси цело Чиле остана без струја: сообраќајот во колапс, воведен полициски час

Напојувањето е делумно вратено во делови од чилеанската престолнина Сантијаго, откако речиси целата земја остана без струја, јавува Би-Би-Си. Прогласена...

Свет1 ден

Хамас и Израел се договорија за размена на затвореници и тела на заложници

Хамас објави дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата...

Европа1 ден

(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата руска рафинерија на Црното Море со дронови, објавени снимки

Украина го нападна јужниот руски регион Краснодар со голем број беспилотни летала во текот на ноќта, оштетувајќи неколку куќи, вклучително...

Свет1 ден

Трамп и Зеленски се договорија, ќе потпишат в петок

Украина постигна договор со САД за експлоатација на нејзините клучни минерални ресурси, потврди извор од украинската влада за „Скај њуз“....