Регион
Телото на рускиот пилот пренесено во Турција и ќе биде предадено во Русија

Посмртните останки од рускиот пилот кој беше убиен од страна на туркменските бунтовници во Сирија откако Турција го собори во вторникот неговиот авион, биле префрлени во Турција во саботата навечер и ќе ѝ бидат предадено на Русија, изјави во неделата турскиот премиер Ахмет Давутоглу и додаде дека приоритет за неговата земја е да ги задржи сите канали за врска со Русија.
Со останките на пилотот се постапува според православната христијанска традиција, изјави премиерот Ахмет Давутоглу на прес-конференција во Анкара, пред да замине во Брисел на средбата со челниците на Европската унија која е посветена на имигрантите, пренесе агенцијата Anadolu.Аташето за медиуми на руската амбасада во Анкара, Игор Митјаков, изјави за агенцијата ТАСС дека телото на убиениот руски пилот Олег Пешков денеска ќе им биде предадено на руските дипломати во Турција. Според него најверојатно уште во недела тоа ќе биде доставено во Русија.Давутоглу изјави дека и во иднина би можеле да се случуваат слични инциденти, доколку не се разменуваат информации и не се воспостави координација, имајќи предвид дека во Сирија дејствуваат различни коалиции со различни цели. „Нашиот приоритет е да ги задржиме отворени сите канали за комуникација со Русија“, рече Давутоглу, имајќи предвид дека Москва по соборувањето на нејзиниот „Су-24М“ во близина на сириско-турската граница еднострано ја прекина воената комуникација со турската страна.Давутоглу, исто така, како и претходно во саботата претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека за Русија економските односи со Турција се исто толку важни како и за Турција со Русија, откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за воведување специјални економски мерки против Турција поради инцидентот со авионот.„Обидите да ѝ се наметне на турската страна одговорноста е нелегално од гледна точка на меѓународното право, како од добрососедското пријателство меѓу Русија и Турција. Доколку се сака да се види одговорноста, неопходно тоа да почне од земјата која многупати претходно го нарушуваше нашиот воздушен простор. Последните изјави од руска страна, не може да се гледаат од аспект на добрососедство“, рече Давутоглу./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.