Вести
Лавров: Близу сме до договор со Иран

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во четвртокот дека меѓународната заедница е близу постигнување договор со Иран околу неговата контроверзна нуклеарна програма, додавајќи дека е подготвен да се врати во австриската престолнина Виена на разговорите меѓу шесте светски сили и Техеран.
„Близу сме сеопфатен договор. На дофат сме..“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за медиумите на маргините на самитот на земјите од БРИКС во рускиот град Уфа. Додаде дека новиот траен договор би ги отворил вратите за укинување на децениските меѓународни санкции против Иран, пренесува ТАСС.
Според Лавров изјави и дека укинувањето на ембаргото за оружје против Иран би требало да биде приоритетни откако договорот биде постигнат. Русија инаку е еден од најголемите извозници на оружје и воена опрема на Иран.
Продажбата на пет баталјони од типот „С-300ПМУ-1“, во чиј состав се 40 лансери, беше договорена во 2007 година. Три години подоцна реализацијата на договорот кој се проценува на 800 милиони американски долари, беше суспендирана од страна на Москва поради меѓународни санкции, воведени против Иран поради неговата нуклеарна програма за којашто Западот стравува дека има цел да произведен атомско оружје, што Техеран го негира. Со укинувањето на санкциите, Москва и Техеран се надеваат зделката да ја остварат, како и да ја прошират соработката во оваа сфера.
Иран понуди некои решенија на спорните прашања во средата, меѓутоа западни функционери велат дека не слушнале „ништо ново“.
Иран и светските сили, ткн група „пет плус еден“ петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија, речиси 18 месеци преговараат за принципиелно едноставните но во деталите извонредно сложени прашања, како што се да се стави под меѓународна контрола иранската нуклеарна програма во замена за укинување на децениските меѓународни санкции наметнати на Техеран.
Меѓународната агенција за атомска агенција треба да биде гарант за спроведување на одредбите од договорот од страна на Иран и да го известува Советот за безбедност на ОН за тоа. Меѓутоа, камен на сопнување е барањето на Западот инспекторите на IAEA покрај ненајавените инспекции на иранските нуклеарни постројки да има право да врши ненадејни контроли и во иранските воени постројки, да има пристап до документацијата и до списокот со имињата на научниците кои учествуваат во програмата, што за Техеран смета дека е нарушување на неговиот суверенитет и безбедносните прашања./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.