Контакт

Општество

Лозарите го слават Свети Трифун – почнува закројувањето на лозите

Објавено пред

Традиционално закројување на лозјата ќе се одржи во сабота низ целата земја, а по повод христијанскиот празник Свети Трифун.

dobivaj vesti na viber

 

 

На овој ден винарите првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги закројуваат лозите, а се верува дека свети Трифун на својот празник забодува факел во земјата и така снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето. Ако на празникот Свети Трифун паѓа дожд, сливата ќе има добар род.

 

Кај народот за овој празник се поврзуваат различни обичаи и приказни. Снегот може сѐ уште да изненади, но тоа се сметало за симбол на бериќетот.

 

Легендата вели дека свети Трифун е роден во селото Кампсади во Фригија и дека живеел во третиот век. Родителите му биле сиромашни, па уште од дете за корка леб ги чувал гуските на богатите мештани. Една легенда, пак, вели дека уште од детството имал исцелителска моќ, а за овие негови способности дознал и тогашниот римски император Гордијан, чија ќерка Гордијана била душевно болна, а никој од лекарите не можел да ѝ помогне. Во таква состојба, вели легендата, еднаш од неа прозборувал лошиот дух дека никој не може да го протера освен Трифун. Но бидејќи не рекол за кој Трифун станува збор, царот наредил да му се донесат сите со тоа име и да пробаат да ја излекуваат ќерка му. По извесен период, во малоазиската Фригија царевата војска го наоѓа и малото скромно момче Трифун и го носи кај царот во Рим. Сиромашното момче веднаш ќе ја излекува девојката, а царот богато ќе го награди, но момчето при враќањето дома по пат им ги разделува сите дарови на сиромашните. Кога се вратил во своето село, продолжил да живее како и порано, да ги чува гуските. Разбирајќи за неговата моќ, новиот цар Дакиј, голем противник на христијанството, ќе нареди момчето да го затворат во ќелија и да го изложат на најголемо мачење. Но Трифун ќе ги поднесе сите мачења, сѐ додека не е прободен со меч. Имал само 18 години.

 

Според една друга верзија, свети Трифун бил заврзан за коњ и така влечен по камења и трње, а починал пред самиот чин на егзекуцијата. /крај/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на Алијансата за Албанците,...

Македонија48 минути

Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации во државата. Како што извести...

Македонија1 час

Скопјанец обвинет за демнење: ја следел својата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од...

Топ2 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија2 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми....

Македонија3 часа

Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи...

Македонија3 часа

„Љутков ги гази колективниот договорот и правата на културните работници“, велат од СДСМ

„Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски“, е директен напад врз...

Европа3 часа

Масовен руски напад врз украинскиот регион, девет загинати, 30 повредени

Руско беспилотно летало удрило во автобус со работници во украинскиот град Марханец рано утринава, при што загинале најмалку девет лица...

Македонија4 часа

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на...

Европа5 часа

Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини киевскиот режим дека користи жив штит, објави „Медуза“

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќепати напаѓала цивилни цели во Украина тврдејќи дека цел на овие напади биле...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Значително ќе ги намалиме царините за Кина, но тие нема да одат на нула

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските...

Свет6 часа

Израелската војска: Од Јемен е лансирана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел. Поради лансирањето на ракетата, прогласена...

Македонија19 часа

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Судот ја одби гаранцијата од еден милион евра на бизнисменот Асмир Јахоски, осомничен за перење пари, во замена да биде пуштен...

Македонија22 часа

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија24 часа

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет1 ден

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој Пресека: неколкумина повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...

Европа1 ден

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројници

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...