Контакт

Вести

Уапсен напаѓачот од Чарлстон

Објавено пред

Полицијата во Чарлстон, во американската сојузна држава Јужна Каролина во четвртокот го упаси белецот, чиј идентитет е откриен, осомничен дека убил девет луѓе во Африканската методистичко епископална црква, во нападот кој американското министерство за права го карактеризираше како злосторство од омраза.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот не се спротиставувал на апсењето. „Не даваше никаков отпор, кога го запре полицијата. Претпоставуваме дека бил сам и никој друг не е вмешан во злосторството“, соопшти на прес-конференцијата портпаролот на полицијата во Чарлстон.

Прецизираше дека во откривањето и апсењето на осомничениот помогнале совесните локални жители. „Тие го виделе автомобилот кој им се причинил сомнителен. Го сторија токму она што го баравме од нив, се јавија во полицијата. Отидовме да ја провериме информацијата и успеавме да го уапсиме“, додаде портпаролот.

Федералното биро за истраги (FBI) го идентификуваше напаѓачот како 21-годишниот Дилан Руф од градот Колумбија во Јужна Каролина. Неговиот вујко го препознал внукот откако претходно полицијата објави фотографии од осомничениот напаѓач снимени во безбедносни камери. „Што повеќе го гледам, тоа повеќе убеден дека е тој“, изјави 56-годишниот Карсон Коулес.

Осомничениот на подарок добил пиштол за својот 21-ви роденден во април, додал вујкото опишувајќи го внукот како тивко и мирно момче.

Американските медиуми пишуваат дека многу од пријателите на социјалните мрежи на осомничениот се црни, како и оние од неговата гимназија. Роднина на пасторот убиен во нападот, цитира еден од преживеаните кој тврди дека Руф во црквата рекол „Јас морам да го сторам тоа. Сте ги силувале нашите жени и сте ја земале нашата земја. Мора да си заминете“.

Пред да биде уапсен, полицијата утврди дека напаѓачот речиси цел час седел заедно со верниците во Африканската методистичко епископална црква во Чарлстон, пред да отвори оган, изјави началникот на полицијата Грегори Мален. Според него, убиени се шест жени и тројца мажи. Потврди дека меѓу жртвите и 41-годишниот пастор Клемента Пинкни, сенатор од Демократската партија.

Црквата во Чарлстон е едена од најголемите и најстарите афроамерикански конгрегации на американска територија. Корените ѝ потекнуваа од почетокот на XIX век, а меѓу нејзините основачи биле ослободените црни робови донесени од Африка. Американските расисти еднаш ја имаат запалено, во XIX век.

Црквата „Емануел Аме“ е историска афроамериканска црква со корени од 1816 година, кога неколку цркви се одделиле од Методистичко-епископалната црква на Чарлстон. Еден од нејзините основачи, Денмарк Весеј, се обидел да организира протест на робовите во 1822 година, но бил фатен, а земјопоседниците му ја запалиле црквата.

Американското правосудство отвори истрага за овој случај, кој следеше по низата полициски убиства во кои обвинети се бели полицајци а жртвите се главно невооружени црни тинејџери, што од минатата година покрена бран насилства ширум САД./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет5 часа

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет6 часа

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија6 часа

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија7 часа

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија7 часа

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...

Македонија11 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија12 часа

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...

Македонија12 часа

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија13 часа

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ13 часа

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...

Македонија15 часа

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена...

Македонија15 часа

„Влен“: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...

Свет16 часа

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напада во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...

Македонија16 часа

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска, во Собранието, ќе ја...

Македонија1 ден

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија1 ден

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија1 ден

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет1 ден

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...