Вести
Израелските сили убија Палестинка при обид да нападне со нож

Израелските безбедносни сили убиле во понеделникот Палестинка поради обид да нападне со нож, што е нов во серијата слични инциденти во бранот насилства за кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе разговара со американските функционери во Белата куќа.
Палестинската се приближила на израелска контролна точка на Западниот брег (на реката Јордан), кој меѓународната заедница го смета за окупирана од Израел палестинска територија, според израелското министерство за одбрана.
„Чуварите се обиделе да ја запрат. Кога не застанал, отвориле оган“, се наведува во соопштението. Палестинските медицински извори потврдил дека жената, чија возраст не е наведена.
Од Палестинците од 1-ви октомври Палестинците во улични напади убија 12 Израелци Израелскиот безбедносни сили во овој период смртно застрелале 80 Палестинци од кои 17 се деца, според палестински извори, а повеќе од 3.000 биле рането. Повеќе од овие напади се случија во Ерусалим, (Источен ал-Кудс на арапски), Рамалах и Хеброн (ал-Калил) на Западниот брег.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне подоцна во понеделникот во Вашингтон со американскиот претседател Барак Обама, за да разговараат меѓу другото и за стивнување на последниот бран палестинско-израелско насилство.
Последната седмица нападите со студено оружје зачестија во Хеброн, град на Западниот брег, што според коментаторите покажува дека насилството од Израел источен Ерусалим се преместува и на споменатата територија, каде полицијата постави контролни пунктови во палестинските населби во коишто живееле повеќето од лицата кои се осомничени за нападите.
Верските и политички тензии се разгореа на почетокот од октомври поради локалитетот Плато на џамиите, едно од трите најсвети места на исламот, или Ридот на храмот, како што го нарекуваат Евреите, во источен Ерусалим го предизвика најголемиот бран изралско-палестински насилства од војната во Газа во ноември 2014 година кога загинаа над 2.200 луѓе.
Од 1-ви октомври на Западниот брег, во источен Ерусалим и во Појасот Газа од огнено оружје се убиени најмалку 60 Палестинци, од кои за 33 се тврди дека биле вооружени напаѓачи. Многу меѓу убиените се помлади од 20 години./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.