Вести
Во земјотресот во Тајван најмалку 37 загинати и стотина под урнатините
Спасувачите во понеделникот пронашле двајца преживеани во урнатините на станбениот комплекс по земјотресот кој во саботата утрото го погоди југот на Тајван, во кој животите ги загубија најмалку 37 луѓе, а уште 110 се водат како исчезнати.
Маж на 40-годишна возраст бил извлечен од под урнатините со помош на дигалка, откако мила повеќе од 50 часа затрупан, а за медиумите градоначалникот на Тијанин, Вилијам Лаи, најверојатно ќе ја загуби едната нога. Спасителите претходно објавија дека успеале да извлечат 45-годишна жена, која под урнатините била со мртвите сопруг и син.
Повеќе од 110 луѓе сé уште се под купиштата бетонски блокови. Спасувачките екипи користат дигалки, дупчалки, кучиња трагачи и опрема за детектирање знаци на живот. Меѓутоа, нивните напори се многу ограничени поради неопходноста прво да бидат зацврстени многу нестабилните урнатини.
Во облакодерот „Златен змеј“ има 96 апартмани со 256 регистрирани станари, но во моментот на земјотресот во зградата имало повеќе луѓе.
Според Американската геолошка служба (USGS), земјотресот со магнитуда од 6,4 степени по Рихтер, го погоди јужниот дел од островот Тајван, во 3,57 часот во саботата утрото по локално време. Епицентарот на потресот бил на 25 километри јужно од градот Јуџинг, а хипоцентарот на длабочина од 10 километри. Најмногу е погоден двомилионскиот град Тајинин, а треперењето на почвата силно е почувствувано и во градот Каосиунг, и во неколку помали населени места, но таму не се регистрирани штети и настрадани.
Тајван лежи на сеизмички активната област ткн Пацифички огнен прстен, а во 1999 година беше погоден од земјотрес со магнитуда од 7,7 степени во кој загинаа 2.400 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.