Вести
Бунтовниците во Сирија убија 19 цивили

Најмалку 19 цвили, меѓу кои пет деца и три жени, се убиени во експлозии на гранати кои ги истрелале сунитските опозициски бунтовници врз поранешната економска сириска престолнина Алепо, во северна Сирија каде што порано живееше значителна христијанска заедница.
Жртвите се убиени во населбите во западниот дел од Алепо, и притоа се ранети уште 32 други луѓе, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чие седиште е во Велика Британија.
„Меѓу жртвите се една мајка и нејзините три деца, кои се наоѓале во автомобил кој бил погоден. Таткото е ранет“, изјави за AFP Рахман Абделрахман, директор на Опсерваторијата.
На бунтовничка страна на поранешна сириска економска престолнина, три лица, меѓу кои бремена жена, се убиени од ракета земја – воздух која ја истрелале владините сили, јавува истиот извор кој се повикува на широката мрежа активисти на теренот и на болнички, воени и бунтовнички извори.
Алепо, кој е инаку најголем град во земјата, е поделен од јули 2012 година на сектор под контрола на лојалистите кон претседателот Башар ал-Асад, христијани, шиити и либерални сунити, и опозициските сунитски вооружени сили кои ги држат источните населби. Бунтовниците од октомври 2014 година им се заканува опсада поради напредувањето на владините сили кои се обидуваат да ги спречат правците за снабдување.
Од крајот на 2013 година, владината воена авијација фрла буриња со експлозив врз бунтовничките квартови, при сто загинале повеќе илјади луѓе, се вели во резолуцијата на Обединетите нации со кои се осудува ваквата постапка. Бунтовниците, пак, покрај уривањето на цркви и прочуената покриена чаршија во Алепо , вршат ракетирање и отвораат минофрлачки оган врз противничките позиции во кои настрадаа, исто така, илјадници цивили.
Во сунитскиот бунт на кој подоцна му се придружија и екстремните сунисти и џихадистите кој започна во март 2011 година со поддршка на сунитските арпаски земји, Турција и Западот против алавитот (шиит) Башар ал-Асад,, според ОН досега загинале повеќе од 200 илјади луѓе, а во 2014 година се регистрирани над 76 илјади жртви, што ја направи најсмртоносната од почетокот на конфликтот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.