Вести
На интернет објавено видео со две Италијанки грабнати во Сирија

Видео со обраќање на две млади Италијанки грабнати во Сирија во август 2014 година, се појавија на мрежите со хештагот Syria кој на својот микроблог на Twitter го објави арапски новинар, пренесува во четвртокот телевизијата Tgcom24.
На видеото се прикажани две млади девојки облечени во традиционална женска црна муслиманска облека со покриена глава, но лицата на заложничките се откриени. Една од девојките во рацете држи лист хартија на кој е напишана датата 17-ти декември, а втората зборува на англиски јазик со изразен италијански акцент, а притоа и двете гледаат во земја.
„Ние сме Грета Рамели и Ванеса Мардзуло. Ја молиме нашата влада и нејзините посредници да нé вратат дома до Божик (католички, кој мина на 25-ти декември). Ние се наоѓаме во голема опасност и може да бидеме убиени. Владата и посредниците се одговорни за нашите животи“, вели, како што претпоставува телевизијата, Рамели.
Според Tgcom24, видеото изгледа многу убедливо, но засега нема потврда за неговата автентичност. Во моментов се прават неопходните проверки за да се осигурат докази дека девојките во црни наметки навистина се киднапираните Италијанки.
Девојките на чиишто профили на Facebook може да се забележат учество на протести против власта на сирискиот претседател Башар ал-Асад во Италија, во Сирија отпатувале со хуманитарни цели. Врската со 21-годишната Ванеса и 20-годишната Грета е загубена ноќта кон 1-ви август, неколку дена по нивното пристигнување во Сирија, но нема информации која од многуте групи кои дејствуваат во земјата е одговорна за нивното грабнување./крај/мф/сн
Извор: Tgcom24
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.