Вести
Бајден го доби ‘благословот‘ на Обама за кандидатура

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден го добил „благословот“ од претседателот Барак Обама за можната негова кандидатура на претседателските избори следната година, доколку се реши да учествува во трката за номинацијата на Демократска партија.
Потпретседателот Џозеф Бајден сé уште не ја донел одлуката дали ќе се натпреварува за демократската претседателска номинација и ќе ѝ конкурира на поранешната прва дама и екс државен секретар Хилари Родам Клинтон, но за тоа наголемо се шпекулира во американските медиум.
Како што пишуваше на почетокот од август дневниот весник The New York Times, Бајден разговара со своите пријатели, членовите на семејството и со донатори за можноста да се вклучи во оваа трка. Седумдесет и двегодишниот американски потпретседател, инаку, беше во трката за демократската номинација за претседател во 1988 и во 2008 година. Својата одлука за кандидатурата за демократската номинација најверојатно би ја објавил кон крајот на летото.
Бајден во понеделникот вечерал со Обама, дознава телевизиската мрежа CNN од извори во Демократската партија, според кои претседателот му рекол дека „нема да му стои на патот“ доколку реши да се кандидира.
Актуелниот потпретседател е наклонет на кандидирање, според неколкуте извори на CNN, но сé уште дефинитивно не се одлучил. Според нив на вечерата во Белата куќа била и многу популарната сенаторка на Демократската партија, Елизабет Ворен, чијашто поддршка многу би значела за кој и да е кандидат.
Многу влијателни демократи веќе се потпишаа за кандидатурата на Хилари Клинтон, као и натаму е убедливо во предност пред сите други евентуални партиски противкандидати, меѓутоа неколку поранешни советници на Обама изјавија дека ќе се приклучат на кампањата на Бајден, доколку тој се реши да се кандидира.
Медиумите потсетуваат дека Бадјен двапати досега безуспешно се обидуваше да ја добие демократската номинација, но и дека Обама неколкупати потенцираше дека изборот на Бајден за потпретседателски кандидат била една од неговите најдобри одлуки во текот на неговиот мандат.
Во американските медиуми се шпекулира и за тоа како Обама ќе се постави доколку биде фатен „меѓу два огна“, односно можните кандидатури на двајцата свои најблиски соработници. Кога Клинтон, на пример, трга во кампањата, Обама ѝ даде чувствителна поддршка изјавувајќи дека би била „одлична претседателка“, но со евентуалното вклучување на Бајден во трката тоа би можело да се промени.
„Секако дека не му е сеедно“, изјави во понеделникот портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, одговарајќи на новинарско прашање за интересот на Обама за изборите во 2016 година. Идниот претседател или претседателска ќе се грижат за законите што ги донесе Обама и за неговото политичко наследство. Ернест притоа не ја исклучи можноста Обама јавно да поддржи некој од кандидатите на предизборите меѓу демократите, иако извори блиски до американскиот претседател велат дека тоа ќе биде малку веројатно доколку Клинтон и Бајден бидат во тесна трка./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.