Црна хроника
Вработен во МВР, обвинет во „Пуч“ доби тригодишна затворска казна
Вработен во МВР, обвинет во случајот „Пуч“ доби тригодишна затворска казна откако се спогодил со Јавното обвинителство.Основниот суд Скопје ја верификувал спогодбата.
„По поднесување на Предлог спогодба од страна на Основното Јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд, судија на претходна постапка со пресуда ја верификува спогодбата со која на лицето З.К., вработено во МВР, за кривичните дела шпионажа и неовластено прислушување“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.Во случајот „Пуч“ осомничен е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, неговата сопруга, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и локален функционер од Струмица. Се товарат дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

