Регион
Де Мазиер: Србија е безбедна земја-стоп за азилантите

Германија ја означи Србија како безбедна држава и повеќе нема смисол било кој да се обиде да бара азил, порача во вторникот во Белград германскиот министер за внатрешн работи, Томас де Мезијер.
„Им порачувам на граѓаните на Србија-немојте ниту да се обидувате, ќе бидете вратени“, рече Де Мезијер на заедничка прес конференција по тројната средба со премиерот на Србија, Александар Вучиќ и францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев.
Српскиот премиер истакна дека за Србија ќе биде големо олеснување кога германскиот парламент во септември ќе усвои одлука дека Србија е безбедна држава.
Де Мезијер потсети дека Германија и Франција уште во 2009 година предложија на граѓаните на Србија да им се укинат визите за ЕУ и сугерираше дека треба така да остане, но предупреди дека во меѓувреме за речиси 20 отсто е зголемен бројот на азиланти и дека најголем број на азиланти во Гермнаија се од Србија.
Српскиот премиер Вучиќ потврди дека денеска е втемелена работна група на министерствата за внатрешни работи на Србија, Гермнаија и Франција кои ќе се занимаваат со „сите важни прашања“, особено за криумчарење на дрога, лажни и вистински азиланти, како и други прашања од важност за граѓаните на Србија./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.