Вести
Пратеникот на Обама негира дека коалицијата ја бомбардирала сириската војска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/koalicija20sirija.jpg)
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Барак Обама во коалицијата за борба против терористичката Исламска држава негира дека авиони на коалицијата предводена од САД нанеле удар врз камп на сириската армија, и покрај извештаите на агенциите и опозициските невладини организации.
Брет Мекгарк на својот Twitter акаунт напиша дека немало напад врз коалицијата никаде во радиус од 55 километри околу кампот. „Извештаите за вклученоста на коалицијата се лажни“, напиша Американецот без да даде детали, пренесува Reuters.
Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, претходно во понеделникот, повикувајќи се на своите активисти од теренот, извести дека во коалициското бомбардирање на кампот на сириската армија во покраината Деир-ез-Зор се убиени четворица владини војници а 13 се ранети.
Агенцијата AFP, повикувајќи се на свои неименувани извори, исто така, објави дека борбени авиони на коалицијата предводена од САД извршиле напад врз „воен логор на вооружените сили на Сирија во западната провинција Деир-ез-Зор, на околу два километра од територијата којашто ја контролира Исламската држава.
Сириската влада потврди дека во коалициски воздушен напад се убиени тројца нејзини. Официјален Дамаск прецизираше дека врз воениот камп Сега во близина на градот Ајиаш дека четири авиони на коалицијата предводена од САД лансирале четири проектили врз позициите на владините сили во централноисточниот дел од покраината Деир-ез-Зор, пренесе агенцијата SANА, за која воени извори додале дека во бомбардирањето биле уништени и неколку воени возила.
Министерството за надворешни работи на Сирија во соопштение „најостро ја осудува грозоморанта агресија“ на коалицијата, додавајќи дека нападите се спротивни на меѓународното право и Повелбата на ОН.
Дамаск, исто така, потсетува дека операциите коишто во септември 2014 година ги започна коалицијата предводена од САД се нелегални и спротивни на меѓународното право, бидејќи тие не се договорени и координирани на повик од сириската влада, ниту имаат мандат одобрен со резолуција на Советот за безбедност на ОН.
Претходно во неделата сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервју за британскиот весник The Sunday Times ја осуди некоордираноста на западната коалиција со Дамаск, и посочи дека од почетокот на нејзиното дејствување во Сирија, напротив, Исламската држава значително ја зголемила територијата што ја контролира./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.