Контакт

Вести

Милијардерот Дарст преместен на психијатрискиот оддел во затворот

Објавено пред

Ексцентричниот американски милијардер Риберт Дарст, обвинет за три убиства, е преместен на психијатрискиот оддел од затворот во очекувањето на скориот почеток на сослушувањето на судот, а некои американски медиуми пишуваат дека почнал да покажува склоност кон самоубиство.

dobivaj vesti na viber

„Дарст е преместен од медицински причини, во вторникот во текот на вечерта“, изјави за AFP Фил Стели, портпаролот на канцеларијата на шерифот на Њу Орлеанс.

Милијардерот Роберт Дарст случајно ги признава убиствата по снимањето на документарецот на телевизијата HBO „Проклетство: Животот и смртта на Роберт Дарст“(The Jinx: The Life and Deaths of Robert Durst) во чијашто последна епизода емитувана во неделата навечер, Дарст случајни ги признава трите убиства. „Тоа е тоа, фатен си“, си рекол самиот себеси додека микрофонот по интервјуто му останал вклучен. „Што, поп ѓаволите, сторив? Ги убив сите, секако“, се слуша на снимката.

Во 2001 година Дарст беше уапсен во Галвстон, во Тексас, каде што живееше во тој период, под обвинение за убиство на неговиот сосед. Сепак, бизнисменот успеа во 2003 година да ја убеди поротата дека тој дејствувал во самоодбрана и ја избегна долгогодишната затворска казна.

Сега 71-годишниот Роберт Дарст е осомничен за вмешаноста во убиството во 2000 година на својата пријателка Сјузен Берман, како и за исчезнувањето на неговата прва сопруга Кетлин Дарст во 1982 година. Тој беше осомничен за исчезнувањето на сопругата, но во истрагата тврдеше дека последен пат кога е видел само ја испратил на воз.

Минатата седмица медиумите пишуваа дека обвинителството на Лос Анџелес повторно ја отворила истрагата за убиството на Сјузен Берман, а сега истражителите издале налог за апсење на Дарст. Обвинителите го поврзаа со убиството на Берман којашто наводно знаела некои за него опасни поединости во врска со исчезнувањето на сопругата на Дарст. Но за ова убиство никогаш против него немало доволно докази.

Самиот милијардер изјавуваше дека нема „ниту најмалку претстава“ за тоа кој би можел да ја убие неговата пријателка и не знае што се случило со неговата прва сопруга./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ1 час

Отворена истрага: Уапсен 27 годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет1 час

Ким Јонг Ун на колена: Првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет2 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Свет2 часа

Шведска студија: Овие три професии први ќе бидат погодени од вештачката интелигенција

Веќе неколку независни студии заклучија дека две третини од занимањата ќе можат да бидат заменети или во голема мера извршени...

Македонија2 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Македонија14 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија16 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија17 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија18 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија18 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија20 часа

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ20 часа

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија21 час

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија21 час

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија22 часа

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...

Македонија23 часа

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, а по сопствен наод Фондот има извршено девет...

Македонија24 часа

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два...

Топ1 ден

Обвинение против осум лица, од нив шест полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската...

Топ1 ден

Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично...