Вести
Ал-Азар повикува на убивање и распнување на терористите на IS

Ал-Азар, една од најугледните институции на сунитскиот ислам со седиште во Европа, повика на „убивање и распнување на терористите“ на движењето Исламска држава (IS), откако во вторникот беше погубен јорданскиот пилот жив го запали оваа џихадистичка група.
Исламската држава, којашто под контрола држи големи територии од Сирија и Ирак, во вторникот на интернет емитуваше снимка на која е прикажана егзекуцијата на јорданскиот пилот чиј борбен авион беше соборен над Сирија, кој беше жив запален во кафез, што предизвика згрозување во целиот свет.
Големиот имам на ал-Азар, шеикот Ахмед ал-Таџеб, која Исламската држава ја нарекува „сотонска“ организација „жестоко го осуди овој низок терористички чин, кој бара казна предвидена со Куранот за расипаните напаѓачи кои му се противат на Бога и на неговиот пророк: смрт, распнување или отсекување на рацете и стапалата“, се истакнува во соопштението на ал-Азар објавено ноќта кон средата.
Јордан во средата, како одговор на погубувањето на неговиот државјанин пилотот Муат ач-Касабех, обеси двајца ирачки џихадисти, Зијад ал-Карболи и Саџида ал-Ришави, Ирачанката којашто беше осудена на смрт пред во септември 2006 година поради подметнување експлозивна направа во хотел во јорданската престолнина Аман во 2005 година кога загинаа 56 луѓе, а чиешто ослободување го бараше Исламската држава. Ал-Карболи, пак, беше осуден на смрт во 2007 година под обвинение за тероризам, вклучително и за убиство на еден Јорданец во Ирак. Двајцата ирачки државјани беа осудени и за поврзаност со терористички организации.
Портпаролот на јорданското министерство за надворешни работи, Зијад Алзуби, изјави дека Исламската држава „го отвори портите на пеколот“ со своите нехумани постапки. Истакна дека егзекуциите на затворениците имале цел да испратат порака, а не се само одговор на чинот на џихадистите.
Ал-Зуби порача дека „крвта на пилотот ќе биде проклетство коешто ќе прогонува (…) и во задгробниот живот“, пренесе египетската државна агенција Mena. „Телата (на егзекутираните џихадисти –з.р) нема да бидат осакатени ниту пак запалени, бидејќи тоа е моралот на Јордан“, истакна портпаролот на јорданската дипломатија. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.