Контакт

Вести

State of the Union: Обама ги повика Американците на единство

Објавено пред

Со говорот за состојбата на нацијата во вторникот навечер во Конгресот, американскиот претседател Барак Обама влезе во последните две години од својот мандат соочен со потенцијални тешките битки со републиканците и нивното мнозинство во двата дома на парламентот на САД.

dobivaj vesti na viber

Во традиционалното годишно обраќање до нацијата во американскиот конгрес, претседателот Барак Обама повија на единство со републиканците на темите и политиките кои ги нарече „практични а не партиски“. Гледајќи нанапред Обама се врати десет години наназад, на својот говор на демократската национална конвенција вод 2004 година со кој се вивна во политичката орбита, кога прогласи дека нема либерална или конзервативна, бела или црна Америка, туку само Америка. „Уште верувам дека сме ден народ. Уште верувам дека заедно можеме да направиме големи работи“, рече Обама.

Пратениците ги повика да ги скршат „старите обрасци на однесување“ и со конструктивни дебати да ги придвижат работите. „Ја немам повеќе кампањи за водење. Мојата единствена агенда во идните две години е иста како и кога ја давав свечената обврска на скалите на Капитол – да го сторам она што мислам дека е најдобро за Америка“.

Но и колку Обама да сака одново да ги гради односите со републиканците, нема да биде лесно да се премостат шесте години остро конфронтирање, особено што конзервативците сакаат да ја освојат и Белата куќа следната 2016 година. Сенаторот Мич Мекконел, водач на републиканското мнозинство во Сенатот изјави дека Обама звучел како повторно да се кандидира за Белата куќа. „Неговите кампањи се завршени. Тој сега владее, а за владеење ќе мора да соработува со републиканскиот Конгрес“, порача Мекконел, а предлозите на Обама од говорот ги нарече „едни и исти стари работи“.

Обама во говорот најави и излегување на САД од рецесијата, барајќи од Конгресот порешително да тргне во борбата со нееднаквоста во американското општество. Повикувајќи се на добрите економски показатели, Обама во говорот во кој преовладуваа оптимистички тонови, предложи зголемување на оданочувањето на најбогатите, што сигурно ќе предизвика остро спротиставување од републиканците. „Сакаме ли да се согласиме на економија во која само некои извонредно успеваат?“, запраша Обама.

Покрај даночната реформа, предложи и зголемување на минималните плати, воведување платено породилно отсуство и боледување и го повика Конгресот да донесе закон кој на жените ќе им гарантира иста плата како и на мажите за истата работа. „Поголемата плата најдобро може да му помогне на семејството да врзе крај со крај. Затоа овој Конгрес треба уште да донесе закон кој гарантира дека жената за истата работа ќе биде платена како и мажот“, истакна претседателот на САД.

Обама повика и на укинување на санкциите против Куба во рамките на историското приближување на двете земји. „Оваа година Конгресот би требало да започне да работи на укинувањето на ембаргото“ кое Вашингтон го воведе за Хавана пред повеќе од половина век, повика американскиот претседател во своето обраќање до нацијата.

Обама во Конгресот го поздрави Акан Грос, кој во рамките на размената на затворениците пред месец дена се врати во татковината по петгодишното заточение на Куба под обвинение за шпионажа. „Добредојде дома Алан. Драго ни е што си тука“, рече Обама, а Грос истиот момент стана од своето место во галеријата и беше поздравен ос овации од присутните. Со посетата на делегацијата на американскиот Стејт департмент предводена од помошникот државен секретар Роберт Џејкобсон во Хавана токму во среда, започнуваат работните преговори за нормализација на доносите меѓу САД и Куба по повеќе од пет децении.

Обама повика и да се олесни преговарањето за слободната трговија со Европската унија и со азиско-пацифичкиот регион, барајќи од Конгресот да донесе „забрзана преговарачка процедура“. „Барам од двете страни да ми дадат поголеми овластување во преговарањето за трговијата за да ги заштитиме американските работници во новите стабилни трговски договори со Азија и со Европа“, рече челникот на САД.

Американскиот претседател, исто така, порача дека сочувствува со жртвите на тероризмот „од училиштата во Пакистан до париските улици“. „И во иднина ќе ги фаќаме терористите и ќе ги уништуваме нивните мрежи и си го задржуваме правото на еднострано дејствување, како што постојано правевме откако сум избран да ги отстранам терористите кои се директна закана за нас и за нашите сојузници“, истакна Обама на што конгресмените станаа и му ракоплескаа. Четириесетина пратеници, главно демократи, подигнаа жолти моливи, во спомен на неодамна убиените карикатуристи францускиот сатиричен неделник Charliе Hebdo. Сенатот и Претставничкиот дом претходно во вторникот едногласно донесоа резолуција во којашто ги осудуваат париските напади и изразуваат сочувство со семејствата на жртвите.

Американскиот претседател порача дека „велесилите не може да ги угнетуваат малите“ наведувајќи ја за пример руската „агресија на Украина“. „Застануваме во одбрана на начелото според кое велесилите не може да ги угнетуваат малите, спротиставувајќи и’ се на руската агресија, поддржувајќи ја демократијата во Украина и враќајќи ја довербата на нашите сојузници во НАТО“.

Обама го осуди и заживувањето на антисемитизмот во „некои делови од светот“ и „стереотипите“ во врска со муслиманите“. „Ние Американците, го почитуваме човековото достоинство (….) Затоа стануваме против заживувањето на кукавичкиот антисемитизам во некои делови од светот. Затоа и во иднина ќе ги отфрламе навредливите стереотипи во врска со муслиманите, од кои мнозинството ја споделува нашата определеност за мир“, истакна. Во таа борба со тероризмот САД и неговите партнери ќе ја победат Исламската држава, но дела таа борба ќе биде долга, порача претседателот на САД.

Обама го повика републиканското мнозинство во Конгресот да одобри ново применување на сила против џихадистичката групација Исламска држава и да не избрзува со новите санкции против Иран коишто, како што оценува, „би претставувале пораз на дипломатијата“ додека Техеран и шесте светски велесили се обидуваат да постигнат договор за иранската нуклеарна програма. „Носењето на новите санкции во Конгресот биу значело неуспех на дипломатијата“, смета Обама.

Вети дека нема да попушти во настојувањата да го затвори озлогласениот затвор во американската воена база во кубанскиот залив Гвантанамо, како што наведе и на почетокот од „Време е да ја довршиме работата, Нема да попуштам во настојувањата да го затворам тој затвор“, истакна Обама.

За одбележување е што Белата куќа годинава првпат во целост го објави текстот од говорот на претседателот неколку минути пред неговиот настап во Конгресот, истовремено кога го испрати и до медиумите. „Ставајќи го текстот однапред на располагање на јавноста, Белата куќа продолжува во своите напори да допре до шроката публика и да им овозможи на луѓето да го коментираат говорот на разни начини“, се истакнува во соопштението./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија4 часа

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија4 часа

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија7 часа

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија7 часа

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија8 часа

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...

Македонија9 часа

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или...

Свет10 часа

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет11 часа

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет11 часа

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет11 часа

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет11 часа

(Видео) „Спејс икс“ на Маск ја лансира единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа11 часа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет21 час

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија23 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ23 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија1 ден

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија1 ден

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...