Вести
Меккејн бара САД да размислат за финансирањето на ОН, поради Палестина

Американскиот Конгрес би требало да го разгледа прашањето дали ќе продолжи да ги финансира Обединетите нации доколку нивниот Совет за безбедноста ја одобри резолуцијата за државноста на Палестина, изјави во неделата републиканскиот сенатор Џон Меккејн.
Во разговор за емисијата „State of the Union“ (Состојба на нацијата) на американската телевизиска мрежа CNN, еден од челниците на републиканците во Сенатот, Џон Меккејн, изјави дека претседателот Барак Обама за таква резолуција воопшто не би требало да размислува.
Изјавата од минатата седмица на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху непосредно пред неговата победа на израелските парламентарни избори за тоа дека е против решението со две држава за Евреите и за Палестинците, уште повеќе го продлабочи несогласувањето меѓу него и американскиот претседател.
Меккејн го обвини Обама и за „изливи на гнев“ поради изјавите на Нетанхају и тако дополнително го засили судирот на претседателот и Конгресот во кој доминираат републиканците, околу прашањето на Израел. Имено невообичаено за САД, Нетанјаху на неполни две седмици од републиканците беше поканет да одржи говор во Конгресот и притоа беше заобиколена Белата куќа којашто обвини за партизирање без преседан во американската надворешна политика.
На прашањето дали американско-израелските односи дошле до опасна точка, сенаторот одговори „Мислам дека тоа зависи од претседателот на САД“. „Претседателот би морал тоа да го преболи. Издигнете се над своите излив на гнев, претседателе“, му порача во емисијата Меккејн на Обама.
„Ваш најмал проблем претставува што Биби Нетанјаху изјави во текот на изборната кампања. Кога секој политичар би се придржувал на сето она што го кажува во политичката кампања, тоа сигурно би била тема за долга дебата“, изјави Меккејн, најистакнатиот сенатор во Конгресот по прашањето на американската надворешна политика./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.