Контакт

Вести

Пакистанските талибани не го сакаат лидерот на IS за калиф

Објавено пред

Пакистанските талибани го одбиваат барањето на челникот на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS), Абу Бакр ал-Багдади да биде водачот на сите муслимани во светот, порача ова радикално исламистичко движење во соопштение испратено до агенцијата Reuters во саботата.

dobivaj vesti na viber

Соопштението на пакистанские талибани доаѓа по сличната одлука на авганистанските талибани, откако пониско рангираните команданти на овие две движења во соседните земји ѝ изразија лојалност на Исламската држава којашто произлезе како крило на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда во Ирак, а откако со ненадејната офанзива во летото 2014 година освои големи територии во Ирак и во Сирија го прогласи ткн „калифат“ чија неформална престолнина е сирискиот град Рака во истоимената покраина.Истовремено поранешниот заточеник од американскиот затвор Гвантанамо, Абу Бакр ал-Багдади, беше прогласен за калиф, односно државен поглавар. Ал-Багдади сака да воспостави светски калифат кој ќе се протега на сите континенти и на чиешто чело ќе биде тој.Најновото соопштение на пакистанските талибани доаѓа во периодот кога се појавија нагаѓањата дека водството на движењето, кое се бори да го собори од власт премиерот Наваз Шариф и да воспостави шеријатска држава, всушност е недоверливо кон Исламската држава, која е поттикната од различни амбиции кои немаат многу поврзаност со јужна Азија.„Ал-Багдади не е калиф, бидејќи во исламот калифот има власт над целиот исламски свет, а ал-Багдади нема таква моќ, тој има власт над одреден број луѓе и територија“, се наведува во соопштението на талибаните.„Ал-Багдади не исламски калиф, бидејќи неговиот избор не е соодветен со исламските прописи“, се истакнува во текстот во кој се додава дека водачот на Исламската држава има слаба контрола во муслиманските земји како Египет, Либија, Јемен и Авганистан. Кон крајот на минатата година помали групи одметнати талибански групи изразија лојалност кон Исламската држава и им наредија на своите следбеници во областа да се приклучат на борбата за воспоставување на светскиот калифат.Пакистанските талибани во своето соопштение, како и Ал Каеда претходно и авганистанските талибани, ја осудија „варварската власт“ на Исламската држава.„Калифатот на ал-Багдади не е исламски, бидејќи вистинскиот калифат спроведува исламска правда, а луѓето на ал-Багдади убиваат бројни невини муџахедини (борци- на другите групи“, се заклучува во талибанското соопштение./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Министерството за правда известува дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Министерот за правда Кренар...

Македонија2 часа

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите...

Македонија3 часа

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија3 часа

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...

Македонија5 часа

Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без нашите пратеници, велат од Европскиот фронт на ДУИ

Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција смета дека треба да важи правилото „победник со победник“ кога станува збор...

Регион5 часа

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен...

Свет6 часа

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...

Македонија8 часа

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Од утре, 1 Мај, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и...

Македонија8 часа

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на...

Економија1 ден

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со...

Македонија1 ден

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција е само ВЛЕН за новата влада

Не може да правиш разлика со гласови од Роми, Турци и Бошњаци, а после да се повикуваш на албанска опција,...

Економија1 ден

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

Османи: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Министерот Бујар Османи, во својство на...

Европа1 ден

(Видео) Голем проевропски протест во Грузија

Илјадници луѓе излегоа синоќа во Тбилиси на протест против законот за транспарентност на странското влијание, кој ја загрозува прозападната политика...

Свет1 ден

Најмалку 13 лица загинаа во израелски воздушни напади во јужниот дел на Газа

Во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, на југот на Газа, загинаа најмалку 13 лица, а многумина...

Свет1 ден

(Видео) Десетици торнада ја опустошија Оклахома, четворица загинати, прогласена е вонредна катастрофа

Најмалку четири лица, вклучително и едно дете, загинаа, а голем број беа повредени во Оклахома овој викенд, откако десетици торнада...

Свет1 ден

(Видео) Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Во голема експлозија во воена база во југозападна Камбоџа загинаа 20 војници, а неколку беа ранети. Како што пишува „Скај...

Свет1 ден

Бела куќа: Бајден разговараше со Нетанјаху, ја повтори својата позиција за инвазијата во Рафах

„Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повтори својот јасен став за можната инвазија на...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува поддршка за Силјановска Давкова од Димитриевски и ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во втор круг

„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во...

Македонија2 дена

(Графика) Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици, покажува најновиот извештај...