Контакт

Вести

Русија регистрира остар пораст на летовите на НАТО на своите граници

Објавено пред

Русија во последниот период забележува драматично зголемување на бројот на летовите на авионите на НАТО во близина на нејзините граници, изјави постојаниот руски претставник во Североатлантската алијанса, Александр Грушко во разговорот за телевизијата Россия 24.

dobivaj vesti na viber

„Сега е забележливо големо зголемување на активностите на НАТО. Во алијансата не треба да се изненадени од она што ние го спроведуваме и, се разбира, што ги пресретнуваме тие авиони за да појасниме со какви цели се наоѓаат на границите на нашата земја“, рече рускиот дипломат.

Според Грушко, сложената ситуација е „производ на политиката на НАТО“. „Зголемената активност започна уште во 2004 година, откако земјите од Балтикот влегоа во НАТО, по што алијансата одлучи да го наметне режимот на воздушни патролирања над тие земји“, изјави постојаниот претставник на Руската Федерација во седиштето на северноатлантскиот воен сојуз во Брисел.

Додаде дека тој проблем не е нов. „Летовите на военото воздухопловство и нивното спроведување, не е од вчера. Меѓународната заедница не успеа да изработи цела низ документи коишто ќе овозможуваат, помалку или повеќе, да се неутрализираат негативните ефектите од можните блиски средби. Сиве овие прашања порано се решаваа преку билатерални канали“, појасни Грушко.

Истакна, исто така, дека плановите за распоредување на американскиот систем за противракетна одбрана во источна Европа, што Русија го смета за загрозување на нејзината безбедност, никој нема намера да ги прекине.

Првично главната теза за распоредувањето на противракетниот систем беше „иранската закана“, потсети дипломатот. „Во моментов тоа е заборавено. Покрај тоа, претставниците на НАТО велат дека тој проект не е насочен против ниедна земја, но во светот постојат 19 земји кои веќе поседуваат развиени ракетни технологии, па оттаму НАТО мора да се заштити“, рече во продолжение од разговорот Грушко.

„Ова е уште еден доказ дека целта всушност била сосема поинаква, односно стекнување стратешка предност по цена на нарушувањето на стратешката стабилност, да се стекне можноста за пресретнување на руските стратегиски сили“, истакна рускиот дипломат.

„Токму тоа е причината зошто ние се залагавме нашата можна соработка во таа сфера да биде изградена на сосема јасни законски гаранции, дека севкупниот систем кој ќе биде изграден да не поседува соодветни способности за поткопување на стратешката стабилност“, истакна Грушко.

Порача и дека Москва смета дека во НАТО мора да ја разберат сериозноста на последиците од одлуката да ги намалат персоналот во постојаното претставништво на Русија во Брисел.

„Ние го очекуваме појаснувањето. Во секој случај, НАТО мора да разбере, дека разградуваат а не подигнуваат. Доколку НАТО цврсто продолжи да стои на позицијата којашто ја соопштија, тоа за нас ќе значи дека, во крајна линија, во скора иднина Алијансата не смета и не планира да ја обнови соработката, дури и доколку поради тоа се усложнат неопходните политички околности“.

Според Грушко, „единственото оправдување за намалување на мисијата, коешто звучи убедливо, е шпиоманијата, односно изјавите дека Брисел ‘врие’ од шпиони“. „Таквите извештаи преставуваат апсолутно идеолошка содржина“, додаде./крај/мф/сн

Извор: TAСС



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија54 минути

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ3 часа

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија4 часа

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет4 часа

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија5 часа

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет5 часа

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет5 часа

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет5 часа

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија15 часа

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет18 часа

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет19 часа

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија20 часа

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија20 часа

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија20 часа

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...

Македонија1 ден

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија1 ден

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...

Македонија1 ден

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија1 ден

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ1 ден

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...