Црна хроника
Оружен грабеж на аптека во Тетово

Во петокот вечерта, оружен напаѓач ограбил аптека во Тетово, при што од вработената одзел околу 24.000 денари и мобилен телефон.
Имено, како што соопшти МВР, во петокот, околу 19.40 часот, во аптека „Виталек“ лоцирана на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово од страна на непознато маскирано лице било извршено разбојништво над вработена.
Тој и се заканил на вработената, ја удрил со рачка од пиштолот во пределот на главата и го одзел дневниот промет околу 23.000 денари, еден мобилен телефон и уште 470 денари.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.