Контакт

Вести

Руската одбрана подготвена за координација со Пентагон

Објавено пред

Руското министерство за одбрана може да донесе одлука по предлогот на американските колеги од Пентагон за координација во борбата против терористичката организација Исламска држава во Сирија, за што руските експерти ги разгледувале деталите во средата, соопшти портпаролот додека на ова боиште по руските воздушни напади започна копненото напредување на сириската владина војска

dobivaj vesti na viber

Западните аналитичари истакнуваат дека на руската страна има две предности. За разлика од американската коалиција којашто ги бомбардираат позициите на Исламската држава од безбедни височини, руските пилото се спуштаат во „зоната на ризикот“ и летаат во дострелот на противвоздушната одбрана, но затоа се попрецизни и поефикасни, Покрај тоа, руските авиони полетуваат од аеродромите во Сирија па за само неколку минути се до целите, додека американско-блискоисточната коалиција полетува од поголеми дистанци па може да минат и неколку часа меѓу одредувањето на целта и нападот, а за тоа време терористите можат да ја напуштат областа којашто претходно е означена како цел на нападот, пренесува AFP.

„Во министерството за одбрана на Русија одговорија на барањето на Пентагон и оперативно го разгледаа предлогот на Американците за координација на дејствијата во борбата против терористичката група Исламска држава во Сирија. Начелно, овие предлози може да започнат да се реализираат“, изјави портпаролот генерал-мајорот Игор Конашенков, пренесува агенцијата РИА.

„Потребно е само да се уточнат одделните технички детали, за коишто ќе се разговара денеска меѓу претставниците на руското министерство за одбрана и на Пентагон на експертско ниво“, додава Конашенков.

Претходно во вторникот Москва објави дека е подготвена да разговара со американската страна за координација на летовите за да се избегнат инциденти над Сирија каде што Русија и коалицијата предводена од САД изведуваат засебни воени воздушни операции.

Руската армија начелно е согласна со предлогот на САД за координирање на воените летови во Сирија, изјави и заменикот руски министер за одбрана Анатолиј Антонов. Додаде дека двете земји ќе одржат видео конференција за ова прашање следните денови, пренесе агенцијата ТАСС.

Американскиот предолг вклучува темелни безбедносни протоколи, како што е одржување на сигурна оддалеченост меѓу американските и руските авиони и користење на истата радио фреквенцијата за повици во случај на итност. Портпаролот на Пентагон, Питер Кук за Reuters изјави дека САД очекуваат формален одговор од Русија на овој предлог.

Руската страна рече дека начелно е подготвена да го прифати предлогот, но дела постои многу поширок потенцијал за соработка отколку што го нуди Вашингтон. Москва, исто така, соопшти дека поднела и свои предлози, но Антонов не прецизираше за што станува збор.

Интензивниот бран руски воздушни напади продолжува и во средата, со ударите во покраините Хама и Идлиб, на западот и северозападот од Сирија, додека и силите на владата на претседателот Башар ал-Асад ја засилуваат копнената офанзива во западниот дел од земјата на најмалку четири позиции на бунтовниците.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), којашто дејствува од Лондон, во соопштение до западните агенции вели дека воздушните удари го извршиле „авиони кои веројатно се руски“ на најмалку четири места во областа на градот Хама и ти во Идлиб. Станува збор за градовите Кафр-Зита и Кафр-Набуда во покраината Хама и градовите Кан-Шајкун и Алхбит во Идлиб.

Ударите во текот на изминатата ноќ и рано утрото во средата биле „поинтензивни од претходно“, се наведува во соопштението на SOHR и се додава дека засега нема податоци за бројот на жртвите. Сириските владини сили во поддршка на руските напади во западните покраини извеле копнени напади врз најмалку четири позиции коишто ги држат различни бунтовнички групи.

Американските сили и нивните сојузници веќе една година вршат воздушни удари врз Исламската држава во Сирија и во Ирак, а последниот бран вклучил напади на Хасака во североистокот и Манџиб на северот од Сирија. Во неделата нивните удари биле насочени на Хасака и Палмира, којашто исто така беше бомбардирана од руската авијација./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет1 час

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија1 час

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа4 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет4 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа4 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион4 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет5 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија5 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет16 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија19 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија23 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија24 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...