Контакт

Вести

Осум полицајци убиени во Авганистан

Објавено пред

Најмалку осум полицајци се убиени ви четвртокот во заседа којашто ја поставиле вооружени лица во Кундуз, нестабилната покраина во северен Авганистан, изјавиле авганистанската новинска агенција Pajhwok локални функционери. 

dobivaj vesti na viber

„Полицајците оделе кон соседната покраина Тахар каде што требало да ги подигнат платите. На патот ги нападнале триесетина вооружени луѓе“, изјавил Насрудин Хан, гувернерот Кваџа Гар, во североистокот на покраината, каде што се случил нападот. Додал дека меѓу нив четворица се припадници на националната гарда а другите четворица се локални полицајци.

Нападот за AFP го потврди Сунатулаг Таџмор, портпарол на гувернерот на покраината Тахар, кој додал дека нападот се одиграл во четвртокот наутро по локално време.

Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад, но агенцијата Pajhwok наведува дека според тоа како е изведен нападот, се чини дека се одговорни талибаните коишто од 2001 година кога беа соборени до власт со инвазијата на меѓународните сили предводени од САД и НАТО се борат против владата во Кабул и нејзините западни сојузници.

Според локалните функционери, овој напад, како и серијата напади од средата низ целата територија на Авганистан во кои загинаа најмалку 16 лица а десетици други беа ранети, покажува дека со доаѓањето на пролетта ќе зајакне и талибанската офанзива против владините сили.

Кон средината на февруари Кабул поведе голема офанзива против талибаните, за да ги ослаби пред доаѓањето на пролетта на големиот број на војниците на НАТО од земјата. Тие беа заменети со малите сили „Одлучна поддршка“ во којашто со 40-ина припадници е застапена и АРМ, чија главна задача е помагање и обука на авганистанските безбедносни сили./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра

На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната – состанокот со Зеленски е во тек

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и...

Свет9 часа

Зеленски пред средбата со Трамп: Многу работи можат да се решат пред Нова година, одлуката зависи од партнерите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на...

Топ10 часа

Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало...

Култура11 часа

Почина Брижит Бардо

Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“. Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол,...

Македонија12 часа

СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош

Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми. Од СДСМ наведуваат...

Свет13 часа

Донбас и Запорожје во фокусот на разговорите Зеленски–Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат попладнево на Флорида за да разговараат за планот...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги објави документите или да одговори од каде 500 илјади долари за златна виза во Дубаи и инвестиции

Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на...

Свет15 часа

Сојузниците му дадоа поддршка на Зеленски пред средбата со Трамп на Флорида

Сојузниците му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп...

Македонија1 ден

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ кога сите се радуваат, ние живееме во болка

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во...

Македонија1 ден

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација...

Македонија1 ден

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати...

Свет1 ден

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални...

Регион1 ден

Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека син ги убил родителите со нож, па се фрлил од зграда

Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој...

Свет1 ден

Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев

Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ. „Вкупниот...

Свет1 ден

Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од...

Свет2 дена

Има повредени во рускиот напад врз Киев

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран...

Свет2 дена

(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор...

Македонија2 дена

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа2 дена

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...